Достапни линкови

Или плати за извршената здравствена услуга или нема да ја добиеш здравствената легитимација


Несиме Салиоска, извршен директор, на здружение РОМА С.О.С.
Несиме Салиоска, извршен директор, на здружение РОМА С.О.С.

Секојдневната работа и пракса покажуваат загрижувачка состојба со заштита на личните податоци на пациентите, посебно кога станува збор за здравствените установи. Имено, воспоставен е т.н. „Заштитен механизам“ кој здравствените установи го користат за наплата за извршените здравствени услуги, а се состои во задржување на здравствената легитимација и целокупната медицинска документација на пациентот, во случаите ако пациентот не е во можност да плати, пишува Несиме Салиоска од здружението РОМА С.О.С., во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Правото на заштита на личните податоци се дел од корпусот на основните човекови права, за кое се воспоставени и се применуваат соодветни национални и меѓународни стандарди, а посебно е уредено со Уставот на Република Македонија, со што се извлекува заклучок дека законодавец поставил добар институционален механизам за информирање и заштита на овие права.
Секојдневната работа и пракса покажуваат загрижувачка состојба со заштита на личните податоци на пациентите, посебно кога станува збор за здравствените установи. Имено, воспоставен е т.н. „Заштитен механизам“ кој здравствените установи го користат за наплата за извршените здравствени услуги, а се состои во задржување на здравствената легитимација и целокупната медицинска документација на пациентот, во случаите ако пациентот не е во можност да плати за извршената здравствена услуга поради финансиска спреченост или народски кажано сиромаштија.

Но, што значи почитувањето и заштитата на правото на приватноста во пристапот до здравствени услуги и со што се соочуваат граѓаните како пациенти, кога станува збор за заштита на нивните лични податоци и приватен живот (кој вклучува здравствени односно медицински податоци и досиеја) е сосема спротивно од тоа што е утврдено на хартија.

Секојдневната работа и пракса покажуваат загрижувачка состојба со заштита на личните податоци на пациентите, посебно кога станува збор за здравствените установи. Имено, воспоставен е т.н. „Заштитен механизам“ кој здравствените установи го користат за наплата за извршените здравствени услуги, а се состои во задржување на здравствената легитимација и целокупната медицинска документација на пациентот, во случаите ако пациентот не е во можност да плати за извршената здравствена услуга поради финансиска спреченост или народски кажано сиромаштија. Во овие случаи пациентите се условени дека нема да им бидат вратени документите сè додека не го подмират долгот кај установата.

Меѓутоа ова не е единствен забележан проблем со кој се соочени пациентите. Проблемот се продлабочува кога вработените во здравствените установи ги губат здравствените легитимации на пациентите со целокупната нивна медицинска документација и процедурата за испис на пациентот не може да биде завршена, а се разбира сето тоа има негативни последици по здравјето на пациентот, но кој го интересира тоа.

Оваа ситуација, нас како здружение, ни наметна еден куп прашања и тоа: Дали оваа воспоставена пракса за наплата е законска? Дали некој знае кои дополнителни последици ги трпат пациентите во овие случаи? Дали вработените кои го применуваат овој „заштитен механизам“ за наплата, знаат дека во здравствените легитимации и медицинската документација има лични податоци на пациентот и податоци за здравствената состојба, а особено дека задржување на вакви документи без согласност на пациентот е спротивно на Законот за заштита на личните податоци? Дали ги информираат пациентите за заштита на личните податоци и потребната согласност да им бидат задржани документите? Дали вработените знаат дека губење на личен документ повлекува низа одговорности? Знаат ли вработените со какви последици може да се соочат ако овие случаи бидат пријавени?
Треба ли да не загрижува оваа пракса? Секако да, затоа што со овој самостојно воспоставен механизам за наплата на здравствените установи, се провлекуваат низа други проблеми со кои се соочуваат пациентите, посебно спреченоста за користење на соодветна терапија, која е неопходна за задржување на добра здравствена состојба, користење на понатамошна здравствена услуга, како и дополнителни трошоци за добивање нова документација во случајот кога е загубена легитимацијата, а знаеме дека здравјето не прашува за пари и не чека.

Одговорот е едноставен на сите поставени прашања, а тоа е НЕ.

Треба ли да не загрижува оваа пракса? Секако да, затоа што со овој самостојно воспоставен механизам за наплата на здравствените установи, се провлекуваат низа други проблеми со кои се соочуваат пациентите, посебно спреченоста за користење на соодветна терапија, која е неопходна за задржување на добра здравствена состојба, користење на понатамошна здравствена услуга, како и дополнителни трошоци за добивање нова документација во случајот кога е загубена легитимацијата, а знаеме дека здравјето не прашува за пари и не чека. Посебно загрижува фактот што ова условување на пациентите „или плати или нема легитимација“, претставува злоупотреба на правата и прекршок согласно Законот за заштита на личните податоци, а во крајна линија, кривично дело поради злоупотреба на службена положба.

Тргнувајќи од тоа дека никој не сносел одговорност за овие прекршувања, ни се провлекува само еден заклучок, дека многу малку се води грижа за заштита на личните податоци на граѓаните и ќе продолжи ваквата пракса доколку не се преземат мерки од надлежните за заштита на личните податоци.

Она што ни останува е да алармираме за ваквите состојби и да се надеваме дека еден ден ќе добие во значење грижата за почитување на приватноста на поединецот како важен составен дел на достоинството на човекот и на секое поразвиено демократско општество, а до тогаш останува на нас како пациенти редовно да си плаќаме за извршените услуги на лице место, доколку не сакаме да останеме без личната документација.
XS
SM
MD
LG