Достапни линкови

Струшкиот центар за дијализа не сака под концесија


Илустрација.
Илустрација.

Вработените во Заводот за нефрологија во Струга го повикаа министерот за здравство да не дозволи Центарот за дијализа да се даде под концесија. Во центарот за дијализа во Струга се лекуваат 50 отсто од вкупниот број на бубрежно болни во Македонија.

Вработените во Струшкиот центар за дијализа бараат од министерот за здравство Никола Тодоров да не го издава центарот за дијализа во Струга под концесија и да ја повлече ваквата одлука. Струшкиот центар за дијализа важи за регионален центар во кој се лекуваат голем број на пациенти од Македонија, особено од Западна Македонија, но и од соседните градови од Албанија. Лекарите бараат итна средба со министерот кој треба да им ја објасни оправданоста од ваквата постапка. Во центарот за дијализа во Струга се лекуваат 50 отсто од вкупниот број на бубрежно болни во Македонија.
Во име на вработените во нашата болница и стручниот колегиум, Здружението на бубрежно болни „Нефрон“ ви упатуваме јавен повик да не се потпишува договор меѓу вас и добитникот за вршење дејност дијализа за Заводот за нефрологија како специјална болница, и бараме средба со Вас на која ќе докажеме со аргументи дека оваа специјална болница е многу повеќе него самиот процес на дијализа кој трае 4 часа.
Доктор Муса Асим.

„Во име на вработените во нашата болница и стручниот колегиум, Здружението на бубрежно болни „Нефрон“ ви упатуваме јавен повик да не се потпишува договор меѓу вас и добитникот за вршење дејност дијализа за Заводот за нефрологија како специјална болница, и бараме средба со Вас на која ќе докажеме со аргументи дека оваа специјална болница е многу повеќе него самиот процес на дијализа кој трае 4 часа“, рече доктор Муса Асим.
Илустрација.
Илустрација.

Вработените бараат министерот Тодоров да ја повлече одлуката. Велат дека како и до сега така и во иднина ќе работат беспрекорно во интерес на пациентите и оти ги нудат сите неопходни услови за згрижување на пациентите и комплетно дијагностицирање на болеста.

„Комплетниот третман на еден бубрежно болен започнува со раното дијагностицирање на заболувањето, а токму тоа го врши нашата установа, преку кабинетот за хипертензија и кабинетите за ЕХО дијагностика, бренд познат во државата“, вели Асим.

Министерот за здравство Никола Тодоров рече дека ќе се приватизира само амбулантскиот дел додека болничкиот останува под капа на државата. Концесионерите ќе бидат должни да обезбедат и транспорт за болните што досега не беше случај, како и да понудат соодветни услови за вработување кадар од јавните здравствени установи. Новите концесионери треба да набават нови апарати. Вработените во Центарот за дијализа или Заводот за нефрологија во Струга велат дека од поодамна испратиле писмо до министерот Тодоров во кое барале средба со него, но не добиле одговор.
XS
SM
MD
LG