Достапни линкови

И ниските плати во Македонија - превисоки?


Македонија и Босна и Херцеговина имаат најниски плати и пензии во регионот. Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи, забележува дури и дека во земјава платите и пензиите се превисоки, секако појаснувајќи дека е невозможно стопанството да носи на својот грб толку голем број непродуктивни вработувања како оние во администрацијата.

Македонија во друштво уште на Босна и Херцеговина, според податоците кои ги објавија регионалните медиуми, има најниски плати и пензии во регионот. Овој податок не го добиваме првпат и ни се појавува наспроти јавно создаваната слика дека стандардот на македонските граѓани расте, особено ако се земе предвид покачувањето на платите и пензиите.
Владата цело време се задолжува по тие основи, за да обезбеди, ете, успешна приказна дека ни растат пензиите, дека ни растат платите и не знам што, без при тоа да имаме реална основа на некои реални показатели на движење на стопанството.
Мендерес Кучи, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи, на ова забележува дури и дека во земјава платите и пензиите се превисоки, секако појаснувајќи дека е невозможно стопанството да носи на својот грб толку голем број непродуктивни вработувања како оние во администрацијата.

„Владата цело време се задолжува по тие основи, за да обезбеди, ете, успешна приказна дека ни растат пензиите, дека ни растат платите и не знам што, без при тоа да имаме реална основа на некои реални показатели на движење на стопанството“, вели Кучи.
И оние малку храбрите или ги охрабруваме да ја напуштат државата или ги охрабруваме да се вработат, наместо да отворат свој бизнис. Значи, ние немаме бизнис амбиент, немаме бизнис клима, во услови на еднаквост, некои се поеднакви во однос на другите.
Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија.

Македонија со години е поставена пред задачата да го намали бројот на вработените во администрацијата, или, како што додава Кучи, да мисли реално, а не обоено или поточно политички. Политиката треба да се тргне и од стопанството и од пазарните услови, вели тој.

„Во таа смисла на зборот, јас мислам дека нашите работи нема да се поправат сè додека мислиме како ќе се одрази сето тоа како ние ја водиме државата во однос на гласовите што ќе ги добие било која партија што е на власт“, вели Кучи.

Се вработуваат луѓе за да се задоволат политички апетити, а не според реалните правила на конкуренција, натпревар и напредок и трошоците се зголемуваат. Освен овој проблем, во контекст на вака поразувачките податоци за стандардот на Македонците, економистот Зоран Витанов го согледува и проблемот на условите за раздвижување на приватниот сектор и образованието и воспитанието на младите луѓе да размислуваат и во друга насока освен во насока на сигурно и безбедно работно место за одредена, каква таква, но редовна плата. Тука нештата треба драстично да се менуваат, вели Витанов.

„Граѓаните на Македонија, еве имаше неколку анкети каде што јасно покажуваат дека младите луѓе во Македонија многу порадо, во четири од пет случаи, за плата од 350 евра нето, се откажале од своите идеи и соништа и се вработиле кај кој било работодавец, особено кај некој што е државен орган. Ова е многу поразителен факт и ние треба да поработиме малку во областа на образованието“, вели Витанов.

Но за тоа да се постигне, мора многу повеќе да се работи на бизнис климата, а тука и натаму не постигнуваме ништо.

„И оние малку храбрите или ги охрабруваме да ја напуштат државата или ги охрабруваме да се вработат, наместо да отворат свој бизнис. Значи, ние немаме бизнис амбиент, немаме бизнис клима, во услови на еднаквост, некои се поеднакви во однос на другите“, додава Витанов.
XS
SM
MD
LG