Достапни линкови

До избори ветувања, потоа обвинувања


Градоначалниците после 100 дена на власт побрзаа да се пофалат, да дадат отчет за тоа што направиле во првите три месеци од владеењето. Па така се пофалија за секој метар асфалт, за секој камен темелник, дури се пофалија дека направиле работи кои не ги ветиле.

Ветуваат брда и долини, можни и неможни работи, нови патишта, гасификација, вработувања, но тоа беше пред изборите, кога барем кај нас е дозволено да се каже и се што, а кога потоа нема да се исполни никому ништо.
Со ова негово најново „дело“, градоначалникот Мите Андоновски повторно го докажа она што ние од ОО на СДСМ од Кратово долго време го кажуваме, дека е неспособен една проекција да направи како што треба, а камоли да го води градот.
СДСМ, Кратово.

Градоначалниците после 100 дена на власт побрзаа да се пофалат, да дадат отчет за тоа што направиле во првите три месеци од владеењето. Па така се пофалија за секој метар асфалт, за секој камен темелник, дури се пофалија дека направиле работи кои не ги ветиле, а трамвајот пак остана пуста желба. На отчетите не можеше а да не се забележи и зборчето „ЌЕ“, па од отчет премина во ветување.

Нема ништо од големите ветувања на Зоран Дамјановски за Куманово. Се уште нема ништо од ветената индустриска зона во село Речица во која требаше да се изградат 60 индустриски капацитети и да обезбеди 2.500 вработувања, се уште ги нема ветените градинки, покриениот спортски базен, ништо од намалување на цената на паркинг услугите. Куманово и понатаму се соочува со сообраќаен хаос, се помалку можат да се забележат зелени површини во општината, ниту пак е започнато со реновирање на фасадите во центарот на градот. За овие и за сите останати ветувања на Зоран Дамјановски се уште нема ниту подготвителни активности, а камо ли нивна реализација.
Мирослав Стојановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Куманово.
Пред локалните во март идните градски татковци ветија изградба на локални патишта, плоштади, нови градинки и училишта, водовод и канализација, нови индустриски центри, но и спортски игралишта, кино сали, ботанички градини, ветувајќи дека, ако бидат избрани, градот за кој претендираат ќе го направат поубаво место за живеење.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски вети проширување и средување на улици, подземна сообраќајница од мостот „Гоце Делчев“ до Комплекс банки, што патем е проект кој се најавува со години) повеќе кружни текови, водовод во Шуто Оризари, нов Луна Парк, гасификација на Скопје, ски патека на Водно…
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

На истекот на стотте дена од новиот мандат, скопскиот градоначалник, иако во изборната трка вети гасификација, сепак се откажа од неа. Тој предложи да се укине Јавното претпријатие што беше формирано за таа намена уште во 2007 година, оти не се обезбедиле партнери и инвеститори. Како причина за ваквиот чекор, Трајановски ги наведе и измените во законот за енергетика, според кои Градот нема ингеренции непосредно да ја додели работата на можен инвеститор во секторот на дистрибуција на природен гас, стои во образложението од Град Скопје.

Андреј Жерновски, кандидат за градоначалник на Центар од „Сојузот за иднината“, пред изборите ветуваше решавање на хаосот со паркирање во општината и бесплатен паркинг за центарци.
Како локална самоуправа вложивме многу напори за да ги решиме најважните проблеми со кои се соочуват нашите граѓани. Досега реализираното треба да се надоградува, а тоа не може без одблокирање на жиро-сметката на општината, што за мене како градоначалник е врвен приоритет.
Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

„Ќе извршиме реконструкција на паркинг просторите, Ќе изградиме нови катни гаражи. Жителите на Центар ќе имаат право на бесплатно паркирање на целата територија на општината, без разлика каде живеат“, рече Жерновски.
Стариот и новиот градоначалник на Охрид, Александар Петрески од СДСМ и Никола Бакрачески од ВМРО-ДПМНЕ.
Стариот и новиот градоначалник на Охрид, Александар Петрески од СДСМ и Никола Бакрачески од ВМРО-ДПМНЕ.

Тогашниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ побрза и во изборна кампања овозможи бесплатно паркирање на територијата не неговата општина.

Но по изборите ветувањата не испаднаа баш како што треба. Сега на секој жител на општината му следува бесплатно паркинг место но само за прво возило, ако има две или три ќе треба да си плати. Инаку и во новиот тарифник е предвидено да се плаќа по 350 денари за изработка на картичка и 100 денари за обновување на истечен договор.
Отчетот кој го видовме повеќе личеше на отчет од Министерството за внатрешни работи отколку на отчет за сработеното во овие сто дена.
ЛДП.

Градоначалникот на Кратово вети отворање на паралелка за туризам во тамошната гимназија. Паралелка има, но ученици нема. Во новата угостителско-туристичка струка (насока за рурален туризам) во првиот уписен рок се пријавиле 17 ученици, а 11 од нив ги имале потребните бодови за упис. Градоначалникот вети и нова модерна кино сала, во текот на кампањата мултимедијалниот центар беше и свечено пуштен, но кратовци не изгледаа ниту еден филм. Недамна дури и купиле карти за долгонајавуваната прокеција за Трето полувреме, но ништо. Имено, техничкиот тим од Скопје не знаел дека нема озвучување на салата, а немале и платно за прикажување на филмот.

Од кратовскиот огранок на СДСМ реагираа дека со ова кратовскиот градоначалник по којзнае кој пат ги излажал граѓаните и ја покажал својата неспособност да биде татко на градот.

„Со ова негово најново „дело“, градоначалникот Мите Андоновски повторно го докажа она што ние од ОО на СДСМ од Кратово долго време го кажуваме, дека е неспособен една проекција да направи како што треба, а камоли да го води градот“, стои во писмената реакција на СДСМ од Кратово.

Тие ќе си ги наполнат џебовите и ќе си заминат, со полни џебови си идат.
Анкетиран граѓанин.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, пак, му најде забелешка на тамошниот сдсмовски градоначалник Зоран Дамјановски.
Архивска фотографија: Отворена канцеларија за комуникација со граѓаните на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски.
Архивска фотографија: Отворена канцеларија за комуникација со граѓаните на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски.

Додека во Македонија сите градоначалници се натпреваруваат кој колку проекти има направено во првите 100 дена, Дамјановски се крие затоа што и самиот е свесен дека нема реализирано ништо, рече Мирослав Стојановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Куманово.
Останува на опозицијата, граѓанскиот сектор, медиумите да ги деконструираат тие ветувања, доколку се засноваат на манипулација. Меѓутоа сметам дека на голем дел од медиумите им недостасува независност и истражувачка новинарска пракса, а на партиите им недостасува аналитичка инфраструктура, аналитички центри преку кои би ги демиситифицирале овие ветувања доколку се лажни.
Марко Трошановски, комуниколог.

„Нема ништо од големите ветувања на Зоран Дамјановски за Куманово. Се уште нема ништо од ветената индустриска зона во село Речица во која требаше да се изградат 60 индустриски капацитети и да обезбеди 2.500 вработувања, се уште ги нема ветените градинки, покриениот спортски базен, ништо од намалување на цената на паркинг услугите. Куманово и понатаму се соочува со сообраќаен хаос, се помалку можат да се забележат зелени површини во општината, ниту пак е започнато со реновирање на фасадите во центарот на градот. За овие и за сите останати ветувања на Зоран Дамјановски се уште нема ниту подготвителни активности, а камо ли нивна реализација“, обвини Стојановски.

Од СДСМ Куманово реагираа дека Зоран Дамјановски има визија за градот и затоа победува трипати по ред. Тие обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ има неискрени политики и неискрен однос кон граѓаните на Куманово.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески го најавува Пиво фестот.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески го најавува Пиво фестот.

И новиот охридски градоначалник Никола Бакрачески даде отчет за сработеното.

„Како локална самоуправа вложивме многу напори за да ги решиме најважните проблеми со кои се соочуват нашите граѓани. Досега реализираното треба да се надоградува, а тоа не може без одблокирање на жиро-сметката на општината, што за мене како градоначалник е врвен приоритет“, рече Бакрачески.
Бидејќи станува збор за големи професионалци, за големи музички имиња, не би дозволил да ја кажам сумата.
Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Но по отчетот на Бакрачески, од ЛДП реагираа дека првите 100 дена владеење покажале повеќе сконцентрираност кон минатото отколку кон иднината.

„Отчетот кој го видовме повеќе личеше на отчет од Министерството за внатрешни работи отколку на отчет за сработеното во овие сто дена“, стои во соопштението на ЛДП.
Кандидатите за градоначалници од 5-та изборна единица во Охрид пред изборите потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер избори.
Кандидатите за градоначалници од 5-та изборна единица во Охрид пред изборите потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер избори.

Од друга страна, велат, смешно, во фокусот на јавноста се ставаат искосени тревници, закрпени, односно асфалтирани дупки, кои никако не смеат да се сфатат како проекти туку напротив како нешто што по дефиниција е задача на секој кој е одговорен за тој ресор.
Во текот на минатите избори се плашевме сите дали ќе имаме некоја бројка којашто нема да не засрами пред Европа, па испадна дека процентите се одлични, дури некаде имавме 73-75 проценти. Значи се уште не станува збор за некаква голема разочараност кај гласачкото тело бидејќи на сите избори се појавуваат определени прашања кои најпосле и тоа како го привлекуваат вниманието на граѓаните.
Ѓорѓи Тоновски, социолог, универзитетски професор,

Граѓаните пак велат дека едно се ветува, а друго се прави :

„Едно се зборува, друго се прави, а најмногу од сè народот страда.“

„Само го лажат народот и ништо друго.“

„Политичарите се грижат за себе си, за народот воопшто.“

„И ние кои гласавме за нив, не оставија на цедило, без работа.“

„Тие ќе си ги наполнат џебовите и ќе си заминат, со полни џебови си идат“, велат анкетираните граѓани.

Ветувањата вообичаено се чист популизам, но досега се покажа дека тоа е успешен рецепт, велат експертите.

Ветувањата за подобро утре, повеќе работни места, инвестиции се употребуваат во сите политички кампања, насекаде во светот, но разликата е што кај нас постои дискрапанца меѓу ветеното и оствареното, коментира комуникологот Марко Трошановски.
Недостасуваат доволно ресурси на општините за да можат да ги остваруваат своите надлежности, така што централната власт многу тешко се откажува од своите ингеренции, ресурси, управувањето со ресурсите во полза на локалната власт и тоа е основниот проблем.
Малинка Ристевска Јордановска, Институт за европска политика.

„Почетниот ефект кај јавноста е подигање на нивните очекувања и нивна позитивна перцепција на партијата која ветува, сепак на подолг рок, тоа се сведува, односно резултира со резервираност и недоверба“, вели Трошановски.

Манипулацијата од страна на властите со бројки и ветувања е исто така широко распространета маркетиншка техника, но има начин на борба против тоа, додава Трошановски.
Новиот градоначалник на скопската општина Центар Андреј Жерновски.
Новиот градоначалник на скопската општина Центар Андреј Жерновски.

„Останува на опозицијата, граѓанскиот сектор, медиумите да ги деконструираат тие ветувања, доколку се засноваат на манипулација. Меѓутоа сметам дека на голем дел од медиумите им недостасува независност и истражувачка новинарска пракса, а на партиите им недостасува аналитичка инфраструктура, аналитички центри преку кои би ги демиситифицирале овие ветувања доколку се лажни“, вели Трошановски.
Тие ветувања се непроверливи, некои од нив поради слабите буџети кои се многу пониско од реалните, а тоа укажува дека или нема да има изведба на таквите проекти или ќе бидат под стандард. На пример, знаете за она турање на 2 сантиметри асфалт наместо колку што треба.
Александар Цветкоски, невладина организација АГТИС.

Граѓаните се тие кои плаќаат данок, а тие кои ги трошат парите имаа одговорност да дадат отчет, велат експертите. Но, прилепскиот градоначалник се пофали со пивo фестот и со музичките имиња застапени на него, кажа и колку милиони заработил градот, не избегна да каже колку пари потроши да ги донесе пејачите од соседството на сцена во Прилеп.

„Бидејќи станува збор за големи професионалци, за големи музички имиња, не би дозволил да ја кажам сумата“, рече Ристески.

Но, граѓаните велат дека многу малку може да влијаат врз одлуките на градоначалниците, оти тие ветуваат многу, а откако ќе стапат на власт не остваруваат ни пола.

„Многу малку можат граѓаните да влијаат. Прво пратениците, градоначалниците додека се бираат си кажуваат свои идеи, а потоа кога доаѓаат ниту пола од идеите не ги остваруваат, а пред тоа ветуваат „брда“ и долини.“

„Не верувам дека може да има влијание, кај нас граѓаните повеќе учествуваат на избори отколку што учествуваат во донесување на одлуки.“

„Тие градоначалници што се поставени на тие места се таму токму поради гласовите на граѓаните и затоа треба пред се тие што ја водат општината треба да мислат на своите гласачи“, велат анкетираните.

Граѓаните постојано се жалат, но на денот на изборите пак гласаат.

Социологот Ѓорги Тоновски вели дека и покрај разочараноста на граѓаните од неповолниот социјален амбиент, разочараноста од економската криза, невработеноста, недовербата во политичарите,бројот на неопределените, апатичните кој се движи до 40 проценти на денот на изборите се намалува.

„Во текот на минатите избори се плашевме сите дали ќе имаме некоја бројка којашто нема да не засрами пред Европа, па испадна дека процентите се одлични, дури некаде имавме 73-75 проценти. Значи се уште не станува збор за некаква голема разочараност кај гласачкото тело бидејќи на сите избори се појавуваат определени прашања кои најпосле и тоа како го привлекуваат вниманието на граѓаните“, вели Тоновски.

Но колку градоначалниците можат самостојно да им ги исполнат желбите? Најголем дел од општините не можат самостојно да ги реализираат ветените проекти, оти немаат пари да остварат се што ветиле.

„Недостасуваат доволно ресурси на општините за да можат да ги остваруваат своите надлежности, така што централната власт многу тешко се откажува од своите ингеренции, ресурси, управувањето со ресурсите во полза на локалната власт и тоа е основниот проблем“, вели Малинка Ристевска Јордановска од Институтот за европска политика.

Таа додава дека и покрај тоа што постепено се зголемуваат средствава што ги имаат на располагање општините, сепак кога се работи за крупните средства за грантовите кои што се даваат на општините, особено во поглед на образованието, останува уште многу да се направи за да можат општините да водат локална политика.

Александар Цветкоски од невладината организација АГТИС, која со години се занимава со работата на градоначалниците, го истражува пулсот на граѓаните пред избори, ги предупредува на можните трикови и манипулации од страна на политичарите, вели дека нереалните ветувања укажуваат дека на политичарите не им е грижа какви ветувања даваат затоа што целта им е само да дојдат до власт.

„Тие ветувања се непроверливи, некои од нив поради слабите буџети кои се многу пониско од реалните, а тоа укажува дека или нема да има изведба на таквите проекти или ќе бидат под стандард. На пример, знаете за она турање на 2 сантиметри асфалт наместо колку што треба“, вели Цветкоски.

Тој вели дека има многу случаи кога градските татковци буџетите за мега проектите ги тресат од ракав, односно за големи проекти ставаат мали суми кои не се ни доволни за да се направи план, а камоли да се реализира.

„На пример имаме гасификација, топлификација на одредени места, а цената на чинење е толку ниска што само планирањето би чинело повеќе пари од сето тоа, значи тренд е за мега проектите да се пишуваат многу ниски буџети, за на некој начин сето тоа да се стисне во некое си ветување кое изгледа колку толку логично“, вели Цветкоски.

Центарот за граѓански комуникации неодамна излезе со извештај за мониторингот на јавните набавки на локално ниво. Мониторингот покажал одредени прекршувања,нелогичности и забелешки во начинот на спроведување на локалните тендери. Претседателот на организацијата, Герман Филков, вели дека акутен проблем во јавните набавки е поставувањето на многу високи услови за учество на фирмите во јавните набавки со што се нарушува конкуренцијата, односно се намалува кругот на фирми кои може да учествуваат во јавните набавки. Тој додава дека во анализата забележале големи разлики во трошењето на пари од една до друга општина.

„Прворангираната е Општина Центар со потрошени 412 евра по жител (вкупно потрошени се 18.730.888 евра), додека последнорангирана е Шуто Оризари со потрошени 2 евра по жител, односно 48.780 евра во 2012 година, така што тука имаме многу разлики“, изјави тогаш Филков.

Истражувањето на АГТИС пред локалните избори покажа дека сега граѓаните повеќе од порано ги знаат надлежностите на општините, но, сепак, недоволно. Тие не се сигурни во своите знаења за надлежностите на локалната самоуправа. Генерално, не им веруваат на програмите на партиите и мислат дека партиските и личните интереси се основа за креирање на партиските програми.

Најголем број граѓани, според прашалникот, сметаат дека политичките партии ги користат средбите со нив само за политичка агитација, а не за да ги чујат нивните реални проблеми и да вложат напори да реализираат проекти кои ќе бидат од нивен интерес.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG