Достапни линкови

Заев – На дијалогот да му се даде уште една шанса


Комисијата за 24 декември
Комисијата за 24 декември

Во заедничкото соопштение по средбата меѓу Груевски и Заев се наведува дека на состанокот се разгледувале можностите за придвижување на процесот околу расветлување на инцидентот во собранието од 24 декември.

Премиерот Никола Груевски се сретна со лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев. Средбата се одвиваше зад затворени врати. Во заедничкото соопштение се наведува дека на состанокот се разгледувале можностите за придвижување на процесот околу расветлување на инцидентот во собранието од 24 декември.
На средбата беше договорено, досегашниот краен рок за постигнување согласност за извештајот на комисијата, 14 август, да се пролонгира и истиот да биде до петок, 23 август по што доколку не биде постигната согласност ќе се смета дека не може да се постигне конечно решение.
Соопштение од владиниот кабинет.

„На средбата беше договорено, досегашниот краен рок за постигнување согласност за извештајот на комисијата, 14 август, да се пролонгира и истиот да биде до петок, 23 август по што доколку не биде постигната согласност ќе се смета дека не може да се постигне конечно решение. За договорените активности во наредниот период јавноста ќе биде навремено информирана“ се наведува во соопштението од владиниот сектор за односи со јавност.
Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Опозицијата вели дека треба да се даде уште една шанса на дијалогот. Ова го изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев пред денешната средба, откако Груевски претходно кажа дека работата на Комисијата за 24 декември ја блокира опозицијата.
Постои уште една шанса за разговорите. Официјално до 24 се уште е отворена можноста да се донесат заклучни согледувања и препораки како извештај од работењето на комисијата за настаните за 24-ти.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

„Постои уште една шанса за разговорите. Официјално до 24 се уште е отворена можноста да се донесат заклучни согледувања и препораки како извештај од работењето на комисијата за настаните за 24-ти.“
Собрание, 24 декември 2012.
Собрание, 24 декември 2012.

Во врска со тоа дека 99 отсто од работата на комисијата за 24 декември била завршена, како што изјава Груевски, во НСДП оценуваат дека суштински проблем е тоа што на 24 декември е прекршен уставот.

„Клучната работа е што Груевски не прифаќа дека со таа бруталност што се случи во Собранието е прекршен уставот. А ако е прекршен уставот тогаш имате последици дека буџетот не може да биде валиден. Тогаш работите треба да се вратат на почеток“,
изјави Тито Петковски.

Инаку Груевски вината што работата на комисијата за 24 декември не е завршена најмногу ја упати кон Бранко Црвенковски. Во меѓувреме тој кажа дека има расположение кај власта за нова стратегија, без да прецизира каква. Според Петковски власта нема намера да прави нова стратегија. Тој смета дека намерата на власта е само да ја одолговлекува работата.

„Доколку имаше сериозна загриженост околу евентуално негативен извештај тогаш нешто ќе преземеше. Тој само ја замаглува реалноста, ги одолговлекува проблемите.“

Експертите коментираат дека важно е да постои политичка волја да се реши работата, а не да се прават политички игри.

„Ако се зборува за некаква стратегија се зборува за лична политичка волја. Важно е да се им волја да се разреши проблемот. Секое тактизирање е на штета на државата“,
изјави професор Мерсел Биљали.

Во јавноста веќе се објавија информации дека проблемот со Комисијата е дека постои несогласување околу правните формулации за заклучоците во извештајот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG