Достапни линкови

Комисијата за 24 декември пред деликатна работа


Денеска e првата средба на Комисијата која ќе ги истражува настаните од 24 декември. Во комисијата има по два члена предложени од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, а нејзината работа jа предводи професор Борче Давитковски.

Во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов денеска прва средба на Комисијата која ќе ги истражува настаните од 24 декември минатата година. Комисијата ќе ја предводи деканот на Правниот факултет Борче Давитковски, а членови се Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Рената Треновска Десковска и Љубомир Фрчкоски од СДСМ.
Ако се бара консензус никогаш не може да се одлучи, нити, пак, ќе има одлука, а ако се оди на надгласување, мислам дека ќе има одлука, без да прејудицирам дали ќе биде ваква или онаква. Во овие комисии е многу важен начинот на одлучување.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека сè уште не е јасно дали Комисијата ќе одлучува со консензус или со надгласување.
Професор Борче Давитковски.
Професор Борче Давитковски.

„Ако се бара консензус никогаш не може да се одлучи, нити, пак, ќе има одлука, а ако се оди на надгласување, мислам дека ќе има одлука, без да прејудицирам дали ќе биде ваква или онаква. Во овие комисии е многу важен начинот на одлучување“, вели Демири.
Претседателот којшто го избраа е човек со големо искуство којшто на некој начин сметам дека има кредибилитет да помогне во формулирањето на определени заклучоци.
Владимир Божиновски, универзитетски професор.

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека со оглед на тоа дека партиите се договорија за изборот на Давитковски, ќе се договорат и за сè останато.

„Со оглед дека сега еве постои некаков дух на соработката меѓу партиите, верувам дека и самите членови на партиите ќе бидат конструктивни наместо на некој начин да се обидат да ја саботираат, условно, работата на таа комисија“, вели Божиновски.

Демири очекува притисок врз Давитковски да има и од двете партии. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека била спречена работата во Собранието и инцидентот го предизвикале пратениците од СДСМ, кои стојат на ставот дека биле исфрлени од законодавниот дом.

„Тие дилеми се работа на оваа комисија и јас мислам дека имаат многу деликатна работа. Од друга страна, ако се гледаат овие состави, мислам дека тешко може да се донесе одлука, затоа што тие умови функционираат апсолутно партиски и апсолутно ја гледаат само својата вистина и не признаваат друга вистина. Со сите овие компоненти, работата на претседателот ќе биде многу тешка, многу деликатна“, вели Демири.

Божиновски верува дека Комисијата ќе донесе некаков заклучок во предвидениот рок.

„Претседателот што го избраа е човек со големо искуство i кој на некој начин сметам дека има кредибилитет да помогне во формулирањето на определени заклучоци“, вели Божиновски.

Комисијата најмногу за два месеци треба да подготви извештај за настаните од 24 декември. Нејзиното формирање беше дел од политичкиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ постигнат во март оваа година со кој се стави крај на политичката криза.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG