Достапни линкови

Доброволното дарување крв е хуманост, навика и традиција


Крводарителска акција во Куманово.
Крводарителска акција во Куманово.

Во многу семејства во Куманово крводарителството е традиција која се пренесува од генерација на генерација.

Еднаш крводарител - секогаш крводарител, најчесто велат луѓето кои не ги пропуштаат крводарителските акции во Куманово. Некои од нив, мажите на три,а жените на четири месеци и самоиницијативно се јавуваат на Одделението за трансфузиологија каде што течноста што значи живот ја подаруваат на оние на кои таа во виталните моменти им е најпотребна.
Идејата е многу хумана и се знае - спасување човечки живот е нешто најсвето. Од хумани димензии, а и од здравствени, организмот делува проактивно и чувствата се подобруваат. Инаку, сеедно е дали мојата крв некому му помага да му се спаси животот или здравјето да му се подобри.

Марјанчо Ангеловски, крводарител.

Најчесто не знаат кому со нивната крв му го спасиле животот, се отповикуваат и кога има конкретна потреба, а со тоа и самите се чувствуваат пријатно. Во многу семејства крводарителството е традиција која се пренесува од генерација на генерација.
Крводарителска акција во Куманово.
Крводарителска акција во Куманово.

Во Црвениот крст во Куманово неодамна забележаа дека без оглед кој период од годината е, како и дали луѓето се вработени или не, хуманоста не изостанува, барем кога се работи за дарување крв.

Марјанчо Ангеловски е 30-кратен дарител на крвта. Тој раскажува:
Ова ни е како традиција. Дедо ми има дарувано крв повеќе од 50 пати, па татко ми и сега јас. Не сум одела досега самоиницијативно, само кога има акција.
Маја Николовска, крводарителка.

„Идејата е многу хумана и се знае - спасување човечки живот е нешто најсвето. Од хумани димензии, а и од здравствени, организмот делува проактивно и чувствата се подобруваат. Инаку, сеедно е дали мојата крв некому му помага да му се спаси животот или здравјето да му се подобри“, вели Ангеловски.

И Миле Младеновски вели дека последната бројка што ја запаметил била 30, а од тогаш не му е важно.

„Одамна давам крв. На три месеци. Редовно, некогаш може да помине 10-15 денови“, вели Младеновски.

РСЕ: Дали само кога има акција?

Триесетгодишната Маја Николовска седум пати до сега дарувала крв.

„Ова ни е како традиција. Дедо ми има дарувано крв повеќе од 50 пати, па татко ми и сега јас. Не сум одела досега самоиницијативно, само кога има акција“, вели Николовска.

Талка Станимировиќ има 56 години и пет пати дарувала крв.

„Да спасам нечиј живот. Ништо конкретно, така ми дојде. Имам потреба. Чувството е добро“, вели Станимировиќ.

Крводарителите по десет пати дарување имаат можност за ослободување од партиципација при одредени лекувања. Со секое дарување крв, доколку се вработени, добиваат по два слободни дена. Но, тоа се почитувало и практикувало додека транзицијата не ги опустоши фирмите во државна сопственост. Приватните стопанственици не секогаш го почитуваат тоа, што на крводарителите и не им е важно. Нивното гесло е да се биде хуман и да се спаси нечиј живот, особено кога секојдневно многумина имаат потреба од крвта. Кумановци хуманоста од овој вид секогаш ја негувале, велат крводарителите.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG