Достапни линкови

Кумановци не заборавиле на хуманоста


Илустрација: Крводарителска акција.
Илустрација: Крводарителска акција.

Куманово е на врвот на скалилото по хуманост. Од тамошниот Црвен крст велат дека најхумани се пензионерите и младите.

Долготрајната транзиција, сиромаштијата, невработеноста, загрозената лична егзистенција и зголемување на бројот на оние кои имаат потреба од помош во однос на оние кои можат да помогнат, Куманово останува град во кој хуманоста не затаила, вели Иле Митковски секретар во Црвениот крст. Дали кумановци се хумани неколкуте запрашани граѓани се со поделени мислења.
Има. Преку НВО каде младите преку работилници учествуваат во разни акции. Со сите мои средства што ги имам помагам.
Анкетиран граѓанин.

„Нема. Се гледа на дело. Порано помалку беа за помош, секој имаше доволно за егзистенција.“

„Многу ретко луѓето се хумани. Се случува човек да падне на улица и никој да не му помогне.“
Иле Митковски, секретар на Црвениот крст во Куманово.
Иле Митковски, секретар на Црвениот крст во Куманово.

„Да. Не многу, ама 80 проценти од луѓето.“

РСЕ: Има ли хуманост меѓу младите?

„Има. Преку НВО каде младите преку работилници учествуваат во разни акции. Со сите мои средства што ги имам помагам“, велат кумановци.
Пензионерите и младите. Средната генерација никаде ја нема. Имавме еден наш волонтер кој беше во Франција кој забележал дека таму само пензионерите волонтираат, што е и логично. Младите и средната генерација имаат обврски. Кај нас имаме соработка со Друштвото на пензионерите, но тоа не е толку изразено како кај младите.
Иле Митковски, секретар во Црвениот крст во Куманово.

Митковски, пак, објаснува дека иако нема некоја релевантна бројка за компарација, земајќи ги предвид сите околности во Куманово хуманоста постои.

„Иако од она што го работиме, оние што имаат потреба многу повеќе нараснале од она што навистина може со една акција од некоја невладина организација или Црвениот крст да биде соберено како помош. Кога зборуваме за тоа ние како граѓани и како општество некои работи ги мешаме. Помошта е еднократна. Тоа се случува кога е природна катастрофа, вонредни состојби земјотреси, поплави, меѓутоа ние измешавме со социјала. Имаме голем број социјални случаи во Куманово, не велам дека тие не се како во катастрофа, но нив не им треба еднократна помош. На таквите им треба вистинско трајно решение.“

Митковски додава дека со попрецизна евиденција ќе се овозможи помошта да се упати на вистинско место. Иако секогаш кога има апел за помош граѓаните позитивно одговараат.

„На пример, ако некому му е потребна крв, нема да не одбие некој. Имаме и нови крводарители, секоја година влегуваме и во средните училишта за младите да видат што значи дарување крв. Можеби и Куманово полека прераснува во град во кој има култ кон крводарувањето. Сега има и многу НВО кои организираат акции. Исто така голем број граѓани кои даруваат облека, обувки, некогаш ние ги земаме, некогаш тие ги носат кај нас.“

Според Митковски во Куманово се повеќе има пожари предизвикани од електриката. Веројатно поради тоа што граѓаните не можат да ги плаќаат сметките, па се служат со работи кои доведуваат до пожари. И на тие семејства им се помага.

РСЕ: Кој е похуман, возрасните или младите?

„Пензионерите и младите. Средната генерација никаде ја нема. Имавме еден наш волонтер кој беше во Франција кој забележал дека таму само пензионерите волонтираат, што е и логично. Младите и средната генерација имаат обврски. Кај нас имаме соработка со Друштвото на пензионерите, но тоа не е толку изразено како кај младите. Основа на волонтирањето е кај средношколската и студентската младина. И таа бројка е варијабилна, поради обврските кои ги имаат младите, меѓутоа имаме и ситуации кога се враќаат. Тоа е добро за движењето на ЦК.“

Митковски вели дека често пати волонтерите од Црвениот крст одат во разни невладини организации кои на почетокот им даваат бенефиции.

„Не е тоа конкуренција која е нелојалана, меѓутоа се изобличуваат, бидејќи ние сме исклучиво волонтерска организација, во ова време тешко поминува тоа, а некои други нудат некои бенефиции и тоа е попримамливо од волонтирањњето. Потоа младите сфаќаат дека тоа не е тоа, а се срамат да се вратат во ЦК.“

Според Митковски тоа е причината поради која со добра соработка со локалните самоуправи, со секторите за образование, на волонтерите треба два-до три пати во годината да им се овозможи еднодневна екскурзија за да можат да другаруваат, да разменат мислења со нивните врсници.

РСЕ: На кое место е Куманово по хуманоста?

„Мислам дека сме при врвот на скалилото. На прво место е Скопје, а тоа е затоа што градот доживеал големи катастрофи и затоа акциите се поприфатливи.“

РСЕ: Дали конфликтот кај луѓето ја намали или ја зголеми хуманоста?

„Ја зголеми.Тоа е затоа што секој кога ќе види дека некој кој до вчера живеел нормално и наеднаш останал за никаде“, вели Митковски.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG