Достапни линкови

Ватерполистите пливаат на суво


Mакедонската ватерполо репрезентација
Mакедонската ватерполо репрезентација

Македонската ватерполо репрезентација ги откажува настапите на меѓународните натпревари. Покрај хроничната беспарица, главна причина за тоа е и немањето услови за работа, велат од Пливачката федерација на Македонија.

По откажаното учество во Светската лига и на Медитеранските игри, македонската ватерполо репрезентација не се појави и на Универзијадата која од минатата недела се одржува во рускиот град Казан. Таму требаше да го браниме бронзениот медал, освоен пред две години во Кина (Шенжен), но вредниот трофеј го предадовме без борба. Со тоа го продолживме отсуството од меѓународната сцена започнато по квалификацискиот турнир за Олимписките игри, пред 16 месеци, а да биде проблемот поголем, неактивен е и нашиот најдобар клуб Работнички (се повлече од настапот во Првата Б српска лига).
После олимпискиот турнир во Едмонтон, кога се вративме во Македонија не дочекаа затворени базени. Таа состојба траеше до октомври. Од октомври имавме еден месец базен, после повторно базените ни ги затворија вратите и така е до ден денешен. Така да, се знае кога немаш основно средство за работа, значи нас што ни е базен, не може ни да сметаме на некои позначајни остварувања.
Влатко Димовски, одговорeн за ватерполо во Пливачката федерација на Македонија.

Според одговорниот за ватерполо во Пливачката федерација на Македонија, Влатко Димовски, покрај хроничната беспарица, главна причина за оваа поразителна реалност е немањето услови за работа.
Илустрација.
Илустрација.

„После олимпискиот турнир во Едмонтон, кога се вративме во Македонија не дочекаа затворени базени. Таа состојба траеше до октомври. Од октомври имавме еден месец базен, после повторно базените ни ги затворија вратите и така е до ден денешен. Така да, се знае кога немаш основно средство за работа, значи нас што ни е базен, не може ни да сметаме на некои позначајни остварувања. Тоа е основната причина поради која што репрезентацијата еве веќе година и 2-3 месеци ја нема никаде, односно ни Работнички кој беше носител на македонското ватерполо нема никакви активности.“

Димовски, сепак, не губи надеж дека наскоро работите ќе тргнат во позитивен правец, а адут за оптимизам му е најавениот договор за користење на Олимпискиот базен.
Со концесионерот го имаме веќе потпишано тој преддоговор чекаме уште Јавното претпријатие за стопанисување со спортските објекти да го завери тој договор, за конечно и пливачите и ватерполистите да добијат свое катче каде што би можеле да тренираат и да се натпреваруваат. И од таа причина мислам дека од септември работите ќе тргнат на подобро.
Влатко Димовски, одговорeн за ватерполо во Пливачката федерација на Македонија.

„Правиме напори конечно да го склучиме тој договор со Олимпискиот базен во Скопје. Конечно од 1 септември во подзакуп да го има Пливачката федерација на Македонија. Тоа не е само за ватерполото, туку и за пливањето. Со концесионерот го имаме веќе потпишано тој преддоговор чекаме уште Јавното претпријатие за стопанисување со спортските објекти да го завери тој договор, за конечно и пливачите и ватерполистите да добијат свое катче каде што би можеле да тренираат и да се натпреваруваат. И од таа причина мислам дека од септември работите ќе тргнат на подобро.“

Од официјализирањето на овој договор, зависат и нашите шанси во квалификацискиот двомеч за пласман на наредното ЕП (во 2014 година). Тој дуел против во моментов сеуште непознат ривал е закажан за октомври, кога сигурно ќе се вратиме на меѓународната сцена.

„Баражот не е загрозен од причина што прво и прво како Федерација ние не смееме да си дозволиме да бидеме казнети со парична казна која изнесува 25.000 швајцарски франци. Значи мораме тие два натпревара да ги одиграме. Со тоа што доколку го добиеме и базенот јас верувам дека за кратко време ќе можеме да се подготвиме и дека ќе може Македонија и по четвртти пат да се најде на едно Европско првенство“, рече Влатко Димовски.

Инаку македонското ватерполо важи за еден од нашите најуспешни спортови од 2007-ма година. Тогаш стартуваше проектот, кој помогнат со натурализирани играчи од Србија, Хрватска и од Црна Гора ни донесе три едноподруго пласмани на ЕП (во 2008, 2010 и во 2012 година), едно на Мундијалот (2009 година), три учества во Светската лига (2009, 2010 и 2011 година), два настапи на олимписки квалификациски турнири (2008 и 2012 година) и еден на Универзитетски игри (2011 година).
XS
SM
MD
LG