Достапни линкови

Ватерполистите оптимисти дека можат на Олимпијада


Илустрација: Ватерполо.
Илустрација: Ватерполо.

Ако победиме некоја од репрезентациите во групата ќе си обезбедиме место на Олимпијадата, зашто во наредниот круг ќе не чека полесен противник, велат во ватерполо репрезентацијата.

Македонската ватерполо репрезентација немаше среќа во ждрепката за квалификацискиот олимписки турнир, што од 1-ви до 8-ми април ќе се одржи во Едмонтон(Канада). Добивме многу силна група во која, покрај фаворитите Црна Гора и Германија, се наоѓаат и Грција, Романија и Холандија, селекции кои не совладаа на минатомесечното Европско првенство во Ајндховен, каде го освоивме претпоследното 11-то место.
Добивме одлична група затоа што за да се оди на Олимпијада треба да се победи некоја од овие посилните репрезентации. Ако ние победиме некоја од репрезентациите во групата ќе си обезбедиме место на Олимпијадата, зашто после во наредниот круг ќе не чека полесен противник, бидејќи таму само Шпанија е силен противник. А (покрај тоа што сме подобри од Холандија), мислам дека во моментов сме со Романија и со Германија егал. Не се воопшто подобри од нас.
Влатко Димовски, директор на ватерполо репрезентацијата.

Поради тоа, најголемиот дел од јавноста смета дека симболични се шансите за освојување на една од четирите визи за Олимпијадата во Лондон, за што е неопходно прво пласман до четвртото место во групата, а потоа и победа во директниот дуел за влез во толку посакуваното полуфинале. Сепак, тоа мислење не го делат и во националниот тим.
Илустрација.
Илустрација.

„Добивме одлична група затоа што за да се оди на Олимпијада треба да се победи некоја од овие посилните репрезентации. Ако ние победиме некоја од репрезентациите во групата ќе си обезбедиме место на Олимпијадата, зашто после во наредниот круг ќе не чека полесен противник, бидејќи таму само Шпанија е силен противник. А (покрај тоа што сме подобри од Холандија), мислам дека во моментов сме со Романија и со Германија егал. Не се воопшто подобри од нас. Прашање на денот е кој ќе биде помотивиран да го добие натпреварот. Дури и со Грција можеме да играме многу подобро отколку што игравме на Европското првенство, така да мислам дека имаме шанси“, изјави директорот на репрезентацијата, Влатко Димовски, кој потврдува дека во Едмонтон ќе настапиме со најсилниот и најискусниот состав.
Тие играчи не тренираат од 27-ми декември. Пливаат во малото корито на Олимпискиот базен, немаат топка фатено 2,5 месеци и нема никаква логика да ги водиме кога не се во тренинг и базенот е многу тешко да се отвори до мај месец. Базенот „Карпош“ ако се отвори некаде на 15-ти март. Така да ќе одиме на составот што беше во Ајндховен.
Влатко Димовски, директор на ватерполо репрезентацијата.

Ова значи дека нема ништо од најавеното подмладување на тимот со повеќе играчи од селекцијата што лани освои бронза на Универзијадата во Кина. Тоа останува за некои идни времиња, а сега е неизводливо.

„Тие играчи не тренираат од 27-ми декември. Пливаат во малото корито на Олимпискиот базен, немаат топка фатено 2,5 месеци и нема никаква логика да ги водиме кога не се во тренинг и базенот е многу тешко да се отвори до мај месец. Базенот „Карпош“ ако се отвори некаде на 15-ти март. Така да ќе одиме на составот што беше во Ајндховен“, додаде Димовски.

Во ваква ситуација, единствената непознаница е кој ќе го води националниот тим на олимписките квалификации. Досегашниот селектор Игор Гочанин е сменет, а неговиот наследник ќе биде познат најдоцна наредната недела, односно по завршувањето на преговорите што се водат со тренери од Србија и од Хрватска.

„Бараме од нив да дојдат да направат програма, да ја видат нашата игра, да ги запознаат нашите играчи. Сите да поднесат после тоа свое мислење, што планираат доколку би станале селектори на Македонија за тој олимиски турнир. Така што оваа недела сме цела недела во преговори со тие 3-4 стручњаци. Дел од нив ќе дојдат и во Скопје, така да очекувам од следната недела да имаме нов селектор“, истакна на крајот Влатко Димовски.

Според него, доколку не се најде заеднички јазик со некој од овие кандидати, репрезентацијата во Канада ќе ја водат тренерите на Работнички, Владимир Латковиќ, кој беше на чело и на универзитетскиот тим во Кина, и довчерашниот помошник-селектор Сашо Поповски.

Инаку, во втората квалификациска група во Едмонтон ќе играат Шпанија, Канада, Венецуела, Бразил, Аргентина и Турција, а за олимпискиот ватерполо турнир во Лондон веќе се пласираа домаќинот Велика Британија, потоа најдобрите од Светското првенство, Италија, Хрватска и Унгарија, па Србија која е победник на Светската лига и САД кои беа први на Панамериканските игри, како и прваците на Азија и на Океанија, Казахстан и Австралија.
XS
SM
MD
LG