Достапни линкови

За власта нема потреба од ребаланс на буџетот


Министерот за финансии Зоран Ставрески зборува за собраниска седница за ребаланс на буџетот на 29 мај 2012 година.
Министерот за финансии Зоран Ставрески зборува за собраниска седница за ребаланс на буџетот на 29 мај 2012 година.

Министерството за финансии ја одби понудата на СДСМ за ребаланс на буџетот. СДСМ бара и мерки за потикнување на внатрешните инвестиции, но некои аналитичари не веруваат дека владата би го променила начинот на работење и финансирањето на Скопје 2014.

Опозицијата предложи, власта одби. За разлика од СДСМ кој смета дека најдоцна до септември мора да се направи ребаланс на буџетот, Министерството за финансии со став дека засега тој е непотребен.
Ребаланс на буџетот, бидејќи, вака како што е конципиран и вака како што се остварува во првиот период од годината, тој е навистина неостварлив концепт на буџет.
Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ.

Од ресорното министерство соопштуваат дека ликвидноста на буџетот е на високо ниво и без проблем се одвива исплатата на сите обврски, вклучувајќи ги исплатите кон фирмите, пензионерите, земјоделците и сите други корисници на буџетски средства, па токму затоа, засега нема потреба од ребаланс на буџетот.

Деновиве, пак, потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов, укажа на пониските приходи, односно повисоките расходи остварени оваа година во споредба со лани.

„Ребаланс на буџетот, бидејќи, вака како што е конципиран и вака како што се остварува во првиот период од годината, тој е навистина неостварлив концепт на буџет“, рече Узунов.
Не мислам дека власта ќе има толкава да кажеме самокритичност и целосно од корен да го промени буџетот. Може да усвои неколку амандмани од опозицијата, но тие пак нема да бидат значителни во менување на моменталната ситуација и она на што владата се фокусира сега. Пак тие ќе продолжат со финансирање на Скопје 2014, пак ќе бараат по цел свет инвестиции и нема да може да ги најдат.
Висар Адеми, економски аналитичар.

Од СДСМ предложија неколку мерки за надминување на лошата економска ситуација, меѓу кои намалување на буџетската потрошувачка, но само преку кратење на непродуктивните и непотребните расходи, но и запирање на задолжувањата.

„Владата мора да излезе со мерки коишто ќе создадат реални услови за поттикнување на домашните инвестиции, пред сè се мисли на стопанството. Порастот на домашните приватни инвестиции или инвестиции на стопанството е многу битно да почне, бидејќи странските директни инвестиции на кои се фокусира владата не се замена за домашните инвестиции“, рече Узунов.

Некои економски аналитичари сметаат дека ребалансот е добар потег, но дека нема да направи суштинска промена во насока на подобрување на економската состојба и решавање на крупните проблеми.

„Не мислам дека власта ќе има толкава да кажеме самокритичност и целосно од корен да го промени буџетот. Може да усвои неколку амандмани од опозицијата, но тие пак нема да бидат значителни во менување на моменталната ситуација и она на што владата се фокусира сега. Пак тие ќе продолжат со финансирање на Скопје 2014, пак ќе бараат по цел свет инвестиции и нема да може да ги најдат“, вели економскиот аналитичар Висар Адеми.

Македонија мора да работи на воведување на нов економски модел кој ќе се фокусира на субвенционирање на компаниите кои извезуваат и на домашните инвеститори, сугерира Адеми.

„Треба под итно владата да престане да биде активен играч во економијата преку правила или преку субвенционирање на државни организации или компании и таа да биде само невидлива рака во економијата со воспоставување правила за фер игра и да му остави на приватниот сектор да се натпреварува во тој натпревар“, вели Адеми.

И СДСМ повика владата да создаде услови за поттикнување на домашните инвестиции, оти странските не се замена за недоволните домашни инвестиции.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG