Достапни линкови

Куртоазна средба или најава за политичкиот дијалог


Денешната средба меѓу премиерот Никола Груевски и новиот лидер на СДСМ Зоран Заев - обична куртоазија или најава за подобрување на политичкиот дијалог?

Денешната кафе-средба меѓу премиерот Никола Груевски и новиот лидер на СДСМ Зоран Заев претставува едно неформално видување на кое старите познаници ќе направат обид да се запознаат подобро, коментираат политичките аналитичари. Денешната средба не е средба меѓу лидерите на две ривалски партии, туку меѓу премиер и лидер на најголемата опозициска партија, вели професор Никола Дујоски.
Всушност претставува една куртоазија, да се напијат кафе, нешто протоколарно што нема да смени ништо во животот и политичкото делување и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.
Никола Дујоски, универзитетски професор.

„Очекувам да видиме конструктивност во таа средба, пред се очекувам тоа да го направи Зоран Заев затоа што тој е нов на таа позиција и очекувам дека сега вака ќе можат многу повеќе, еден условно кажано нов СДСМ да им даде поттик на сите процеси во државата.“

Средбата е протоколарна, а власта глуми конструктивен однос кон опозицијата, вели професорот Алајдин Демири. На вакви средби многу ретко можат да се водат суштински разговори или да се дојде до решенија за поголеми проблеми, вели Демири.
Всушност претставува една куртоазија, да се напијат кафе, нешто протоколарно што нема да смени ништо во животот и политичкото делување и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

„Всушност претставува една куртоазија, да се напијат кафе, нешто протоколарно што нема да смени ништо во животот и политичкото делување и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.“

Дали денешниот разговор меѓу Груевски и Заев може да биде сигнал за подобрување на политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата?Аналитичарите велат дека денешната средба треба симболично да го најави развојот на односите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Треба власта и опозицијата во овој нареден период многу сериозно да разговараат за креативни решенија. Очекувам дека Заев ќе биде многу поотворен за соработка со власта, отколку претходниот лидер на СДСМ, соработката пред тоа воопшто не постоеше, мислам дека за сите суштински, битни прашања во државата, тие имаа различни ставови“, вели Дујоски.

И Демири се надева дека новиот лидер на левицата ќе покаже поголема конструктивност од неговиот претходник. Додава дека отвореност за соработка и почитување на спротивставеното мислење треба да покаже и премиерот Груевски, па оттаму и оптимизмот дека односите на политичката сцена ќе бидат подобри и ќе донесат нов квалитет во државата.

„СДСМ е на пат со оглед на визијата на новиот лидер, секако тој е поконструктивен, ако ептен се ослободи од влијанието на Црвенковски, а јас мислам дека може да се подобрат односите“, вели Демири.

Посетата на Заев во кабинетот на премиерот е во согласност со претходно востановената пракса за средба на премиер и лидер на опозицијата, но аналитичарите посочуваат дека тоа не беше редовна пракса меѓу поранешниот лидер Црвенковски и премиерот Груевски.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG