Достапни линкови

СДСМ пред консолидација или нови поделби


Најбитно е по конгресот за избор на нов лидер што треба да се одржи в недела, СДСМ да излезе како компактна партија, велат експертите.

Во пресрет на изборниот конгрес на 2 јуни, експертите велат дека најбитно е од овој конгрес СДСМ да излезе како компактна партија. Атмосферата пред Конгресот која минува во знакот на четворица кандидати за лидер и состаноци на потесното раководство за да се состави листата на кандидати за членови на Централниот одбор зборува дека по конгресот во прв план партијата треба да продолжи да се консолидира како внатрешна инфраструктура, вели политичкиот аналитичар Исмет Рамадани, кој има искуство како поранешен пратеник.
Лидер ќе биде тој што ќе го земе поголемиот број, но потоа сите тие кои се конкуренти во овој случај, треба да бидат искрено до тој што ќе биде прв и веднаш партијата да продолжи да се консолидира како партиска структура и инфраструктура.
Исмет Рамадани, политички аналитичар.

„Лидер ќе биде тој што ќе го земе поголемиот број, но потоа сите тие кои се конкуренти во овој случај, треба да бидат искрено до тој што ќе биде прв и веднаш партијата да продолжи да се консолидира како партиска структура и инфраструктура“, вели Исмет Рамадани.

Според согледувањата на експертите, исто така најголемата опозициска партија треба да ја промени политиката во однос на повеќе точки и да ги согледа основните грешки за да не дојде до нова внатрешна криза. Со забелешка дека досега опозицијата не беше добро организирана и немаше атрактивен настап пред гласачите Стојан Андов, кој има искуство како поранешен претседател на Собранието, вели дека СДСМ треба да има јасна програмска определба кон сите клучни прашања во државата.
Од економскиот развој, до меѓуетничките односи, до односите со соседите и евроинтеграциите. СДСМ се прилагодуваше некако на популизмот на ВМРО-ДПМНЕ и сакаше да дели плодови од него, што беше голема грешка.
Стојан Андов, поранешен пратеник.

„Од економскиот развој, до меѓуетничките односи, до односите со соседите и евроинтеграциите. СДСМ се прилагодуваше некако на популизмот на ВМРО-ДПМНЕ и сакаше да дели плодови од него, што беше голема грешка“, вели Стојан Андов.

Со сличен став е и Рамадани.

„Да биде една конструктивна опозициска партија која за секој проблем ќе нуди алтернатива. Да не очекуваат дека толку брзо ќе можат да постигнат некоја цел во однос на предвремени избори или доаѓање на власт, затоа што навистина после сето ова им треба многу работа“, вели Рамадани.

Андов посочи дека исто така опозицијата треба да развие способности за коалицирање со цел да се формира вистински опозициски фронт.

Во меѓувреме, во СДСМ преговорите траат. Состаноци се одржуваат секој ден. Од партијата во изминатите денови изјавуваа дека се надеваат дека во брзо време ќе успеат да ја намалат затворената листа за новиот Централен одбор на партијата од 250 кандидати на 100 кои ќе бидат дадени на гласање на конгресот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG