Достапни линкови

Визната либерализација под „отворена“ закана


Илустрација.
Илустрација.

Известувачот за визите во Комитетот за правда Тања Фајон вчера изјави дека преговорите околу воведување заштитен механизам се уште течат, дека притисокот е голем, но дека без согласност на ЕП не е можна одлука за тоа.

Секоја земја може да воведе на одреден период повторно визи за нас. Вака познавачите коментираат во што би можело да се состојат навестувањата од ЕУ дека повторно се преговара за механизам за времена суспензија на безвизниот режим врз основа на документ предложен од Еврокомисијата пред три години. Засега на повидок не е никаков договор, меѓутоа тоа практично би значело давање право на секоја држава членка на шенген зоната привремено да воведе мерки со кои ќе се спречи нелегалната мигарација. Тоа е целта на тој механизам, вели Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.
Јас искрено не верувам дека тоа може да се случи поради тоа што Македонија и како држава е премногу мала за да може да направи некаков дисбаланс во демографијата на тие држави. Меѓутоа мислам дека Македонија беше прилично озлогласена на почетокот на визната либерализација заради огромниот број на баратели на азил од нашата држава пред се во Германија и во Белгија.
Бојан Маричиќ, Македонски центар за европско образование.

„На пример, поединечни држави како Холандија, Германија, Данска, Шведска, кои се погодени од тоа да воведат визи за одреден период“, вели Маричиќ.

Известувачот за визите во Комитетот за правда Тања Фајон вчера изјави дека преговорите околу воведување заштитен механизам се уште течат, дека притисокот е голем, но дека без согласност на ЕП не е можна одлука за тоа. Според Маричиќ, сепак не треба да се стравува од тоа.

„Јас искрено не верувам дека тоа може да се случи поради тоа што Македонија и како држава е премногу мала за да може да направи некаков дисбаланс во демографијата на тие држави. Меѓутоа мислам дека Македонија беше прилично озлогласена на почетокот на визната либерализација заради огромниот број на баратели на азил од нашата држава пред се во Германија и во Белгија.“

Откако започна реализацијата на ваквите засилени контроли и мерки на граничните премини, не е дозволен излез од земјава на повеќе од 8.000 македонски државјани.
Иво Котевски, МВР.
Темата со визите се отвори во 2009 година поради големиот број барања за азил пред се во Германија и Белгија. Ова повеќе пати ни се ставаше на знаење. Инаку од последните податоци, според МВР, бројот на нелегални азиланти од Македонија значително се намалил. Во МВР велат дека се преземени повеќе превентивни и репресивни мерки како и реформи во законодавството. Во изминатите три месеци одржани се 217 средби со граѓани и дистрибуирани се 8 илјади летоци. Репресивните мерки се уште траат и се однесуваат на засилена контрола на граничните премини.

„Откако започна реализацијата на ваквите засилени контроли и мерки на граничните премини, не е дозволен излез од земјава на повеќе од 8.000 македонски државјани“, изјави Иво Котевски.

Инаку, според Маричиќ, кај нас постои загриженост поради дискриминација односно со цел да се спречи емигрирањето им се одземаат пасоши на граѓани Роми за да спречи нивното емигрирање како азиланти, меѓутоа во МВР велат дека тоа се дезинформации со позадини и дека МВР постапува крајно неселективно.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG