Достапни линкови

Декемвриската Комисија тест за евроинтеграциите


Претставници на ЕУ посредуваа за надминување на политичката криза во Македонија, 01 Март 2013.
Претставници на ЕУ посредуваа за надминување на политичката криза во Македонија, 01 Март 2013.

Ако вие две страни не можете да се договорите за проста работа во вашата сопствена држава, тоа е доказ дека не сте зрели да бидете на иста маса со уште 27 други држави, вели Лидија Димова од Македонскиот Центар за европско образование.

Ако надвладее чувството за национална одговорност, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ може да се договорат за изборот на претседател на Kомисијата за утврдување на фактите на 24 декемри, велат екпсертите.
Ако вие две страни не можете да се договорите за проста работа во вашата сопствена држава, тоа е доказ дека не сте зрели да бидете на иста маса со уште 27 други држави.
Лидија Димова, Македонски Центар за европско образование.

Владата има одговорност за европската иднина на нашата земја. Гледаме дека сега е многу тешко време за политички дијалог, изјави Лидија Димова од Македонскиот Центар за европско образование, откако вчера без успех заврши дискусијата што партиите одлучија да биде јавна, иако изминатите средби се одржуваа зад затворени врати.
Претставници на ЕУ посредуваа за надминување на политичката криза во Македонија.
Претставници на ЕУ посредуваа за надминување на политичката криза во Македонија.

„Значи станува збор и во случајот за капацитетите на државата да може да донесе некаква одлука во корист на граѓаните, за доброто на граѓаните, водете сметка дека сега тоа ни е дел и од пристапното партнерство, којшто го забораваме цело време, услов ни е. Значи политичкиот дијалог постојано ни е во криза, само се менуваат улогите, само зависи за која криза зборуваме.“

Поради немањето на политички дијалог се забележува појавата на неможност да се формира Комисија и да почне Комисијата да работи.
Осман Кадриу, универзитетски професор.
Димова дополни дека пред државата стои голема задача, а тоа е да работи на стимулирање на политичкиот дијалог, бидејќи тоа не е само наш проблем туку и секаде во Европа е модел на однесување.

„Кога од Европска комисија одат и бараат политички дијалог, тоа не го прават затоа што сметаат дека нешто ново измислуваат, логиката е следна - Ако вие две страни не можете да се договорите за проста работа во вашата сопствена држава, тоа е доказ дека не сте зрели да бидете на иста маса со уште 27 други држави.“

Тоа што Комисијата се уште не е формирана, според експертите зборува и за капацитетот на институциите. Поминати се сите рокови надвор од договорот постигнат во март со посредство на странците. Тогаш беше постигната согласност да се формира комисијата веднаш по локалните избори. Како поминува времето се покажува дека нема политички дијалог и волја да се расчисти она состојба која настана во декември во Собранието вели професор Осман Кадриу.

„Поради немањето на политички дијалог се забележува појавата на неможност да се формира Комисија и да почне Комисијата да работи.“

Експертите не се сигурни што треба да се направи, но сметаат дека нема потреба повторно да посредуваат странците.

„Таа исклучива надлежност и одговорност се разбира е на нашата држава и на врвните органи на власта.“

Формирањето на експертската Комисија што би ги расветлила настаните од 24 е прашање што во изминатиот перод е често посочувано од странските дипломати.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG