Достапни линкови

Статус-кво на институционалните заложби за подобрување на здравствената положба на Ромите


Несиме Салиоска, извршен директор на здружението РОМА С.О.С.
Несиме Салиоска, извршен директор на здружението РОМА С.О.С.

Изминативе години евидентирани се повеќе случаи за кои постои сомневање за нееднаков третман или лекарски грешки од страна на здравствените работници и за кои се поведени правни или судски дејствија, процентот на опфатени ромски деца со имунизација е многу понизок од националниот, висока е стапката на Роми кои не се здравствено едуцирани за методите за грижа на нивното здравје, ромските НВО немаат директна соработка со Министерството за здравство, недостасува теренска едукација за правата од здравствена заштита, нема отворено здравствени ординации во близина на ромските средини, и значителен е бројот на дипломирани медицинари Роми кои не се работно ангажирани од државата, пишува Несиме Салиоска, извршен директор, на здружение РОМА С.О.С., во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

И покрај тоа што од Декадата за вклучување на Ромите изминаа цели осум години, Националниот акционен план за здравство(НАП) кој има за цел да ја подобри здравствената состојба на оваа популација во Македонија и тоа преку подобра достапност на здравствените услуги и алоцирање средства за реализација на предвидените активности, е сè уште статус - кво.
НАП за здравство е првично донесен во 2005 година, а потоа ревидиран во 2009 година со временска рамка до 2011 година. До овој момент сè уште се користи како активна политика на Министерството за здравство, а истиот, верувале или не, не кореспондира со реалните состојби на терен.

Затоа се прашуваме дали подобрувањето на здравствената положба на Ромите ќе остане само како институционална декларација на хартија? Притоа дали континуираната работа на здруженијата и понатаму ќе продолжи да биде „секојдневна битка“ за помагање на Ромите да пристапат до основните здравствени услуги, и не само како начин да се спречат болести, туку и да се спасат човечки животи?

Имено, НАП за здравство е првично донесен во 2005 година, а потоа ревидиран во 2009 година со временска рамка до 2011 година. До овој момент сè уште се користи како активна политика на Министерството за здравство, а истиот, верувале или не, не кореспондира со реалните состојби на терен.

Дека е тоа така, РОМА С.О.С заедно со здруженијата кои работат на унапредување на здравјето на ромската заедница во различни општини од Македонија ја мапираа состојбата на терен и притоа утврдија низа нерешени проблеми од здравствената сфера.

Всушност, изминативе години евидентирани се повеќе случаи за кои постои сомневање за нееднаков третман или лекарски грешки од страна на здравствените работници и за кои се поведени правни или судски дејствија, процентот на опфатени ромски деца со имунизација е многу понизок од националниот, висока е стапката на Роми кои не се здравствено едуцирани за методите за грижа на нивното здравје, ромските НВО немаат директна соработка со Министерството за здравство, недостасува теренска едукација за правата од здравствена заштита, нема отворено здравствени ординации во близина на ромските средини, и значителен е бројот на дипломирани медицинари Роми кои не се работно ангажирани од државата.
Изминативе години евидентирани се повеќе случаи за кои постои сомневање за нееднаков третман или лекарски грешки од страна на здравствените работници и за кои се поведени правни или судски дејствија, процентот на опфатени ромски деца со имунизација е многу понизок од националниот, висока е стапката на Роми кои не се здравствено едуцирани за методите за грижа на нивното здравје, ромските НВО немаат директна соработка со Министерството за здравство, недостасува теренска едукација за правата од здравствена заштита, нема отворено здравствени ординации во близина на ромските средини, и значителен е бројот на дипломирани медицинари Роми кои не се работно ангажирани од државата.

Неодамна истите здруженија (вкупно девет) формираа Група за застапување на здравствените права на Ромите и го информираа Министерството за здравство за состојбата на терен и тоа во релација со предвидените мерки од НАП за здравство. Министерството ни одговори дека од вкупно осум мерки, за четири не се надлежни или нема правен основ за нивна реализација. Засега само една мерка е реализирана, воведувањето на Ромски здравствени медијатори (РЗМ), но и тоа не е целосно. Всушност од предвидените 16 општини, во 2012 година РЗМ се ангажирани само во 7 општини.

И замислете, за останатите три мерки надлежни се РЗМ, односно со реализација на една мерка Министерството за здравство смета дека се покриваат сите други потреби на ромската заедница. И сето тоа би било во ред, доколку РЗМ би биле „супермени“ па би можеле да ги решат сите проблеми од превентивна, примарна и секундарна здравствена заштита, би биле социјални работници за да ги решаваат и социо-економските проблеми на Ромите кои директно влијаат на добивањето здравствени услуги, а секако би можеле да бидат и правници кои секојдневно ќе ги следат сите законски измени па соодветно ќе нудат правна помош на Ромите во постапките за остварување на здравствените права. А да не ја заборавиме и нивната улога на обучувачи, едукатори, комуникатори, теренски работници, „заштитници“ од дискриминација, и сл. За да биде уште „поефективна“ нивната работа нема буџетски алокации за реализација на нивните задачи.

Од друга страна, може да се забележи дека буџетските средства алоцирани за реализација на НАП за здравство од 2012 година се трошат исклучиво за исплата на хонорари на РЗМ, а претходно во периодот од 2005-2011 година воопшто не се трошеле и се пренаменувале за други потреби на Министерството за здравство.

Имаме уште две години до завршување на Декадата за вклучување на Ромите, а денес немаме активна политика со соодветна временска рамка преку која Министерството за здравство се залага за надминување на пречките со кои се соочуваат Ромите во напорите да се подобри нивниот здравствен статус.

Кога ли конечно ќе се испочитува усвојувањето на плановите и за истите ќе биде надлежна институцијата која ги усвојува, во случајот Министерството за здравство, а предвидените мерки кои ќе имаат правен основ?

Дали може да се реализира која било активност без пари? Не верувам. Затоа како може да се очекува НАП за здравство да биде реализиран без наменети средства за тоа?

Кога истиот план ќе се ревидира согласно потребите на терен?

Првиот чекор кон промена на ваквата состојба е Министерство за здравство да покаже отворена желба и внимание да го ревидира НАП за здравство и тоа во соработка со здруженијата кои ја познаваат реалната состојба на терен, а потоа со видлива алокација на буџетски средства да се преземат потребните мерки, за на крај декларацијата на хартија за подобрување на здравствената положба на ромската заедница да стане применлива и достапна за крајниот корисник – Ромите.
XS
SM
MD
LG