Достапни линкови

Образованието - придобивка од Декадата на Ромите


Илустрација.
Илустрација.

Македонија во однос на другите земји постигнала успех само во делот на образованието на Ромите, но потфрлила во другите три области кои се застапени во Декадата на Ромите како здравството, вработувањето и домувањето.

Невработеноста ги тера припадниците на ромската заедница да ја напуштат земјава и да бараат подобар живот во странство, велат од невладиниот сектор. Македонија во однос на другите земји постигнала успех само во делот на образованието на Ромите, за разлика од другите три области кои се застапени во Декадата на Ромите како здравството, вработувањето и домувањето.
Кога имате една таква ситуација, ние не можеме да кажеме дека се супер интегрирани. Ако сакаме да направиме паралела меѓу Ромите во Македонија и Ромите во Словачка, точно е дека Ромите во Македонија се во подобра ситуација и со остварувањето на правата и со интеграција во општеството. Меѓутоа тоа ви е исто како да споредите крадец со убиец. Крадецот да рече, па добро јас украдов, ама не убив, но и едното и другото е штета.

Мухамед Точи, НВО „Месечина“.

Мухамед Точи од невладината Месечина вели дека од 1991 година па до денес, Ромите во споредба со другите етнички заедници во земјава имаат невработеност од над 70 отсто.
Ромски деца во населбата Тризла во Прилеп.
Ромски деца во населбата Тризла во Прилеп.

„Кога имате една таква ситуација, ние не можеме да кажеме дека се супер интегрирани. Ако сакаме да направиме паралела меѓу Ромите во Македонија и Ромите во Словачка, точно е дека Ромите во Македонија се во подобра ситуација и со остварувањето на правата и со интеграција во општеството. Меѓутоа тоа ви е исто како да споредите крадец со убиец. Крадецот да рече, па добро јас украдов, ама не убив, но и едното и другото е штета.“

Ашмет Елезовски од Европскиот форум на Ромите, вели дека во последните неколку години се чувствува еден неадекватен третман кон оваа заедница.

„Пред се тоа се базира преку зголемената невработеност и економската немоќ да се подобри позицијата на Ромите во Македонија. Меѓутоа иако Ромите се борат тоа да го надминат, работејќи разни работи, претежно на нив се гледа како на некоја ранлива група или социјален проблем на државата.“
Се уште за жал кај многу луѓе, во нивните глава е присутен чипот дека Ромите се вакви или онакви, или дека се само доби музичари и ништо повеќе. Тоа стереотипно мислење мора да се смени, мора подобро да се запознае идентитетот на Ромите.
Ашмет Елезовски, Европски форум на Ромите.

Според Точи, анализите во здравството покажуваат дека животниот век на Ромите е пократок за десет години, што се должи на нивните услови за живот и домување.

„Излезете низ ромските населби ќе видите полно луѓе како санират покриви за да не им врне, ќе видите полно деца кои со кал и извалкани ќе отидат на училиште.“

Елезовски вели дека Ромите се уште се борат со стереотипите во македонското општество.
Роми од Битола.
Роми од Битола.

„Се уште за жал кај многу луѓе, во нивните глава е присутен чипот дека Ромите се вакви или онакви, или дека се само доби музичари и ништо повеќе. Тоа стереотипно мислење мора да се смени, мора подобро да се запознае идентитетот на Ромите.“

Точи додава дека е јасно оти проблемите на Ромите во земјава не се приоритет, туку некои други проекти на власта како изградба на спомениците.

„На сите овие проблеми како приоритет се става нешто друго. Тие излезот го бараат во други земји, но апсолутно не смееме да речеме дека само Ромите излегуваат од Македонија и бараат азил. Има и други етнички заедници. Дел од државните власти на некој начин сакаат да ја префрлат вината дека евентуалното враќање на визниот режим би било вина на ромската етничка заедница.“

Елезовски смета дека сите бариери со кои се соочуваат Ромите се причината за нивното напуштање на земјата.

„Се додека ромското прашање се гледа како социјален проблем, а не како на политички проблем, тоа ќе претставува ситуација што ги принудува Ромите да излегуваат од Македонија, бидејќи не може едно семејство со низа бариери кои се пред него.“

Според експертите, во Македонија живеат околу 54 илјади Роми, за разлика од порано кога нивната бројка била двојно поголема. Амнести Интернејшнал во последниот извештај ја повика Италија да не ги крши правата на Ромите, од кои најголем дел потекнуваат од Македонија, Босна и Херцеговина и Романија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG