Достапни линкови

Неликвидноста и инфраструктурата - главни проблеми на дебарското стопанство


Дебар.
Дебар.

Неликвидноста е најголемиот проблем со кој се соочуваат дебарските стопанственици. Тие постојано бараат излез и велат дека голем дел компании пропаднале поради немањето пари да ги платат тековните трошоци. Бизнисмените се жалат и на лошата инфраструктура.

Дебарските стопанственици во последно време се соочуваат со бројни проблеми, а за поголемиот дел од нив главен проблем е неликвидноста, која им создава големи проблеми во секојдневното работење така што на состаноците во Регионалната стопанска комора во Дебар, која со свои активности покрај дебарските фирми ги покрива и фирмите од руралната општина Центар Жупа, постојано се бара излез од овој проблем, поради кој повеќе стопански субјекти лани пропаднаа.
Намалени се извозите, но исто така има проблем и со ниската куповна моќ на граѓаните. Сето тоа влијае во намалениот прилив на готови пари. Ако се направи анализа ќе се види дека неликвидноста е таа која го мачи речиси секој сопственик на фирма, односно компанија.
Роланд Пахуми, претседател на регионалната стопанска комора во Дебар.

Роланд Пахуми, претседател на регионалната стопанска комора во Дебар.
Роланд Пахуми, претседател на регионалната стопанска комора во Дебар.
„Компаниите од Дебар и регионот, ги има околу 700, во контактите што ги имаме наведуваат дека главен проблем им е неликвидноста, односно немањето на пари во готовина за наплата на нивните обврски. Тоа е акутен проблем и во поширокиот регион. Намалени се извозите, но исто така има проблем и со ниската куповна моќ на граѓаните. Сето тоа влијае во намалениот прилив на готови пари. Ако се направи анализа ќе се види дека неликвидноста е таа која го мачи речиси секој сопственик на фирма, односно компанија“, вели претседателот на регионалната стопанска комора во Дебар, Роланд Пахуми.
Инфраструктурата на преминот Блато особено е проблематична во однос на немањето на терминал, со што се појавуваат проблеми во царинските услуги. Треба да има царински терминал или, пак, да се овозможи интерно царинење.
Роланд Пахуми, претседател на регионалната стопанска комора во Дебар.

Покрај неликвидноста, негативно влијание во секојдневното работење има и инфраструктурата. Фирмите од Дебар и поширокиот регион реагираат на катастрофалната состојба на патиштата, но и на царинските услуги како дел од севкупната инфраструктура на граничниот премин Блато на македонско–албанската граница кај Дебар. Повеќето од компаниите кои имаат свои производи или, пак, се занимаваат со трговска дејност за да ја извезат стоката на другата страна од границата наместо 30-тина километри, тие се принудени да поминат над 300 километри на заобиколен пат за да пристигнат на другата страна од границата, користејќи го преминот Ќафасан кај Струга, истакнува Пахуми.

„Еден друг исто така голем проблем е и севкупната инфраструктура. Тие влијаат негативно, како во развојот на општината Дебар, така и во однос на инфраструктурата на граничниот премин Блато на македонско албанската граница кај Дебар. Инфраструктурата на преминот Блато особено е проблематична во однос на немањето на терминал, со што се појавуваат проблеми во царинските услуги. Треба да има царински терминал или, пак, да се овозможи интерно царинење. На македонска страна има 50 илјади жители, додека на албанска страна има над 200 илјади жители. Овде има простор за увоз и извоз, но царинските услуги се вршат преку терминалите во Струга, Скопје, Тетово итн. Ваквата работа со царинските услуги ги зголемува трошоците за превоз“, подвлекува Пахуми.

Либерализацијата на визниот режим со Албанија создаде големи можности за зголемување на пласманот на производи од најзападниот регион на Македонија во пограничните градови во Албанија. Но, наведените бариери продолжуваат да се зголемена препрека за ефикасно работење на дебарските фирми на албанскиот пазар.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG