Достапни линкови

Европска помош за македонската атлетика


Европски атлетски конгрес во Скопје.
Европски атлетски конгрес во Скопје.

Челниците на европската атлетика веќе одобрија 15-годишен кредит од 40 илјади долари со минимална камата од 0,5 отсто за обезбедување нови простории за Атлетската федерација на Македонија.

Успешната организација на 23-тиот Конгрес на Европската атлетска асоцијација(ЕАА), пред две недели во Скопје, покрај пофалбите, на македонската федерација и донесе и ветувања за финансиска и техничка помош за развој на нашата атлетика. Челниците на европската „кралица на спортовите“ веќе одобрија 15-годишен кредит од 40 илјади долари со минимална камата од 0,5 отсто, за обезбедување нови простории за федерацијата, а претседателот Крсто Серафимовски добил гаранции дека ќе ни биде доделена и современа опрема за тренинзи, како и за организирање на врвни атлетски натпреварувања.
Разговаравме со претседателот на Европската атлетска федерација околу електронскиот мерен систем - Омега, кој што е многу важен за организација на високи спортски натпревари. Разговаравме и за набавка на спортска опрема, реквизити, стартни блокови, она што ни е најбитно сега, пречки и реквизити, кои што се неопходни во атлетската федерација, поготово за опремувањето на новиот стадион кој сега е идеален за организација на многу значајни атлетски натпревари.
Крсто Серафимовски, претседател на Атлетската федерација на Македонија.

„Разговаравме со претседателот на Европската атлетска федерација околу електронскиот мерен систем - Омега, кој што е многу важен за организација на високи спортски натпревари. Разговаравме и за набавка на спортска опрема, реквизити, стартни блокови, она што ни е најбитно сега, пречки и реквизити, кои што се неопходни во атлетската федерација, поготово за опремувањето на новиот стадион кој сега е идеален за организација на многу значајни атлетски натпревари“, изјави Серафимовски.
Крсто Серафимовски, Претседател на атлетската федерација на Македонија.
Крсто Серафимовски, Претседател на атлетската федерација на Македонија.

Тој верува дека оваа помош ќе донесе напредок на македонската атлетика, но е и свесен дека најмногу од нас зависи нејзиното подигнување на повисоко ниво. За остварување на таа цел федерацијата уште од лани работи на 4-годишната програма, чија реализација е помогната и од Агенцијата за млади и спорт, со финансиска поддршка за четирите кандидати (по 300.000 денари за Кристијан Ефремов и за Ристе Пандев, а по 150.000 денари за Христина Ристевска и за Валбона Селими) за настап на ОИ во Бразил во 2016 година. За нив се предвидува учество на силни натпревари, но и квалитетна работа со наши тренери кои ќе имаат можност за стручно усовршување во странство.

„Тренерскиот кадар секој момент стручно го усовршуваме. Така сега имаме испратено во Келн за скокачки дисциплини, Влатко Димитров 15 дена е на стручно усовршување, а истовремено се договоривме и со Европската атлетска федерација, врз основа на нивните програми, наши тренери да одат на семинари за стручно да се усовршуваат. Еве сега од 8-ми мај праќаме тројца тренери за атлетика за деца, во Софија. Со тоа ќе добиеме исто така и пет комплети за детската атлетика и на тој начин ќе го популаризираме атлетскиот спорт кај најмладите деца“, додаде првиот човек во македонската атлетика.

За популаризација и омасовување на овој спорт кај нас, како и подобри резултати на актуелните атлетичари, предвидени се и неколку меѓународни натпреварувања во Македонија, од кои најзначајни се Скопскиот маратон наредниот месец, потоа есенскиот крос, како и ЕП во маратонско трчање идната година, чија организација исто така ни е ветена од Европската атлетска асоцијација.
XS
SM
MD
LG