Достапни линкови

Негрижа за македонската атлетика


Негрижата и невложувањето причина за слабите резулати на македонската атлетска репрезентација на Европското првенство.

Дваесеттото Европско атлетско првенство, кое минатата недела се одржа во Барселона, уште еднаш покажа дека македонската кралица на спортовите е на дното во меѓународни рамки. На собирот на најдобрите на Стариот континент, Македонија беше претставена од троскокашот Реџеп Селман и од спринтерката на 100 метри, Ивана Рожман, кои во квалификациите во своите дисциплини имаа најслаби резултати. Нов непријатен епилог на еден наш настап на големите атлетски натпреварувања, кој, сепак, никого не го изненади. Тоа не е случај ниту со селекторот на македонската атлетска репрезентација, Влатко Димитров, според кого повеќе не ни може да се очекува од оние кои години наназад се оставени сами на себе. Поради тоа прашање е дали тие и во блиска иднина ќе бидат конкурентни вон нашите граници.
Да се учествува на еден натпревар во ранг на Европа, Светско првенство или Олимпијада треба повеќе кратно да се вложува во поединци, ако не се вложува оваа слика ќе ја гледаме долго време


,,Да се учествува на еден натпревар во ранг на Европа, Светско првенство или Олимпијада треба повеќе кратно да се вложува во поединци, ако не се вложува оваа слика ќе ја гледаме долго време.“ вели Димитров

Тој како најдобар пример за општата негрижа за нашата атлетика го посочува сериозното оштетување на половина милион евра вредната тартан патека на стадионот во Охрид и тоа за одржување на музички концерт. Со ваквиот несфатлив потег, уништено е нешто на што се чекаше половина деценија, прекинат е развојот на младите атлетичари, а со тоа е нанесен и сериозен удар на македонскиот спорт. Овој потценувачки однос мора час поскоро да запре, бидејќи само така ќе може да се очекуваат подобри резултати во иднина, а за да се дојде до нив, кога е во прашање атлетиката, потребно е и:

,,Да се обезбедат подготовки во поголем број на делови, понатаму да се создадат услови за правовремени настапи на меѓународен план и исто така треба да се вложат средства за опрема, стимулации на атлетичарите.“

Додаде Димитров, според кого Македонија во моментов има 5-6 атлетичари, кои со мало вложување во нив, ќе остварат забележителен напредок и во меѓународни рамки.

XS
SM
MD
LG