Достапни линкови

Јамајка со светски рекорд на 4 х 100 метри


Усеин Болт .
Усеин Болт .

Штафетата на Јамајка го одбрани олимпиското злато од Пекинг и се првите кои оваа делница ја истрчаа под 37 секунди – 36.84 стотинки.

Штафетата на Јамајка во состав Неста Картер, Мајкл Фратер, Јохан Блејк и Усеин Болт синоќа на „Олимпискиот стадион“ во Лондон истрча нов светски рекорд на патеката 4 х 100 метри.
Со тоа го одбранија олимпиското злато од Пекинг и се првите кои оваа делница ја истрчаа под 37 секунди – 36.84 стотинки.

Среброто им припадна на Американците, а бронзата на штафетата на Тринидад и Тобаго, откако Канада беше дисквалификувана.
Среброто им припадна на Американците, а бронзата на штафетата на Тринидад и Тобаго, откако Канада беше дисквалификувана.

Светски рекорд постави и Русинката Елена Лашманова во трката 20 километри брзо одење и патеката ја мина за 1 час 25 минути и 2 секунди. Среброто и припадна на сонародничката Олга Канискина, а бронзата на Шенџие Кијанг од Кина.

И во машката трка на 50 километри брзо одење беше соборен рекорд – олимписки, а златото му припадна на Сергеј Кирдјапкин од Русија. Второто место го освои Џаред Талент од Австралија, третото Кинезот Тианфенг Си.

Олимписка шампионка стана Ана Чичерова од Русија, која во дисциплината скок во височина прескокна 2.05 метри.

Американката Бригета Барет и Русинката Светлана Школина прескокнаа по 2.03 метри, но среброто поради подобрата серија и припадна на Американката, а бронзата на Русинката.

Во фрлање копје кај мажите триумф на Кешорн Волкот од Тринидад и Тобаго, пред Александар Пјантниција од Украина и Анти Руусканен од Финска. Радост на Британците повторно им донесе Мохамед Фарах, кој по златниот медал на 10.000 метри, победи и на двојно покусата патека (5.000 метри). Сребрениот медал го освои Дејен Гебремескел од Етиопија, а бронзениот медал Томас Пкемеи Лонгосива од Кенија.

На 800 метри кај жените најбрза беше Русинката Марија Савинова пред Кастер Семенја од Јужна Африка и сонародничката Катерина Постигова.

Во женската штафета 4 х 400 метри златниот медал го освоија Американките, додека среброто е за Русија, а бронзата за Јамајка. Од дисциплините во атлетика денеска ќе се трча последната трка, а тоа е машкиот маратон кој стартува во 12 часот.
XS
SM
MD
LG