Достапни линкови

Ќе се одбележува 50 годишнината од земјотресот во Скопје


Скопскиот градоначалник Коце Трајановски
Неколкумесечни активности под мотото „Скопје се сеќава“ ќе бидат организирани по повод одбележувањето на 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го зафати главниот град. Организатори на настаните ќе бидат Град Скопје, Универзална сала и други институции.
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски изјави дека целта е да им се одаде почит и признание на сите кои помогнале во надминување на несреќата и во знак на сеќавање на сите судбини, материјалните добра и ликот што го загуби градот.Скопје беше погоден од земјотрес на 26 јули 1963 година.
Земјотресот беше со јачина од 9 степени по Меркалиева скала или 6 според Рихтеровата со епицентар на плоштадот Македонија.
XS
SM
MD
LG