Достапни линкови

Тачи: Не се можни разговори со Белград без посредник


Хашим Тачи, премиер на Косово
Косовскиот премиер Хашим Тачи ја отфрли како несериозна можноста за продолжение на разговорите меѓу Белград и Приштина без посредник и нагласи дека се што Србија има да соопшти тоа треба да го стори со посредство на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон. Тој нагласи дека се што Белград има да и соопшти на Приштина, треба да го стори преку Брисел и Ештон.
“Ние ги поддржуваме сите релевантни фактори во Брисел и гаранциите на САД,” нагласи Тачи и додаде дека откако Белград ја отфрлил предлог-спогодбата, сега се е во рацете на Ештон.
XS
SM
MD
LG