Достапни линкови

Кој победи во општина Центар?


Жерновски – каде се кутиите од 6 избирачки места. Тодоровиќ – ќе има втор круг. ДИК – пребројани се 95,45%

Според официјалната веб страница на Државната Изборна Комисија, за општина Центар е напишано дека се пребројани 63 избирачки места, од вкупно 66, односно се пребројани 95,45 насто. Според тие податоци, кандидатот на здружената опозиција предводена од СДСМ Андреј Жерновски, освоил 51,81 насто од важечките гласови, а кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Владимир Тодоровиќ добил 46,15 проценти.

Жерновски – каде се кутиите?

Во меѓувреме, кандидатот за градоначалник на општина Центар од коалицијата „Сојуз за иднината“ предводен од СДСМ Андреј Жерновски денеска на прес-конференција рече дека три дена кутиите со гласови од шест избирачки места не можат да се избројат.
Според него, на овие места веќе се избројани гласовите за градоначалник на Скопје и на нив Јани Макрадули има водство.
„Станува збор за избирачки места во училиштата „Кочо Рацин“, „Јохан Хајнрих Песталоци“ и во Капиштец. Конечно денеска почна пребројувањето на овие гласови и се работи за околу 5.000 гласачи“,
рече Жерновски и додаде оти СДСМ победил. Жерновски го повика досегашниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Тодоровиќ да излезе, да го признае поразот и да извршат примопредавање на должноста.

Тодоровиќ – ќе има втор круг.

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Владимир Тодоровиќ пак смета дека ќе има втор круг и тој очекува победа.
На денешната прес-конференција Тодоровиќ изјави дека Жерновски денеска покажал ниско ниво на политичка култура, обидувајќи се да ја заобиколи волјата на граѓаните на Центар.
„Тоа значи дека Андреј Жерновски се плаши од соочување со народот во втор круг. Разликата во гласови која постои во првиот круг е мала, за една толку голема општина како што е Центар. Нашата поддршка расте и веројатно тоа е причината поради која Жерновски е нервозен и вака бесмислено реагира“,
истакна Тодоровиќ, притоа повикувајќи го Жерновски да води позитивна кампања.
XS
SM
MD
LG