Достапни линкови

Најмногу коментари за коалицијата во Кичево и во Струга


Текстовите за предизборното коалицирање во Кичево и во Струга и нивното влијание врз меѓуетничките односни се најкоментирани текстови на нашата интернет страна.

Предизборното коалицирање меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Кичево и во Струга, се чини, веднаш си доби и име, барем според експертите: коалиција за поделби. Името како да му одговара и на расположението на Македонците, барем според коментарите по прилогот на колешката Слаѓана Божиновска. Некој испраќач на порака потпишан со Зајас потсетува дека „Патот по кој оди Македонија е одамна кажан од Љубчо Георгиевски, само малце се доцни“.
Значи во ред е кога албанските политички партии настапуваат заедно за политички да ги истуркаат Македонците од определени општини, но тоа не е во ред кога го прават Македонците?
Коментар од читател.

Име од Европа пишува: „Значи во ред е кога албанските политички партии настапуваат заедно за политички да ги истуркаат Македонците од определени општини, но тоа не е во ред кога го прават Македонците?“.
Кичево.
Кичево.

Никола од Охрид ги прашува консултираните експерти дали знаат колку малку е изградено во Струга со градоначалникот Мерко и дека во државните фирми вработувал само Албанци. „Се здруживме против самоволието на Албанците во Струга од која направија големо село и бесперспективно место“ - порачува Никола.
Резилот е во македонскиот блок партии. И тоа посебно со СДСМ која како граѓанска и левичарска партија заигра по нотите на Груевски. На здравје!
Коментар од читател.

Тој од Село се согласува со слушателот потпишан со Кичевчанец дека коалцијата ја направиле луѓето од Кичево и од Струга, а не Бранко и Грујо. „Затоа, на двете партии треба да им се случи народ, да се формира влада од непартиски интелектуалци и еднаш да запре ова насилие од двете партии“ - порачува Тој. И Коле е на истата линија со претходните коментари и прашува: „Зарем коалицирањето помеѓу партиите од албанскиот блок за Кичево, Битола и други не влијае врз меѓуетничките односи?“

Дека „Македонија е далеку од меѓуетнички коалиции“ - на што се однесува прилогот на Срѓан Стојанчов, покажуваат и вашите ставови искажани преку коментарите на нашата веб-страница. Некој потпишан со Македонец од Скопје коментира дека е тотално разочаран од Радио Слободна Европа и дека нема повеќе да го следи овој медиум, а Совест, исто така од Скопје, го смета за интересно што еден сериозен медиум како нашево Радио си земал за право да коментира за некакви, според сите логики, непринципиелни коалицирања, а никаде немало став за големоалбанските монолози на кандидатите за претстојните локални избори. „Тоа е исто како да барате Баските и Шпанците да направат предизборна коалиција против Каталонците“ - завршува Совест.

Дени, пак, смета дека резилот бил во македонскиот блок партии. „И тоа посебно со СДСМ која како граѓанска и левичарска партија заигра по нотите на Груевски. На здравје!“ - коментира овој наш слушател.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG