Достапни линкови

Коалиција за поделби


Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Теснопартиските интереси, борбата за фотелја и меѓунационалната нетрпеливост ги натераа лутите противници да седната на маса и да коалицираат, само да не победи кандидат од другата етничка заедница, коментираат експертите. Конкретната соработка може да испрати негативни сигнали во врска со меѓуетничките односи, додават тие.

Лесно постигнатиот договор за соработка на локалните избори во Кичево и Струга помеѓу лутите противници ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не покажува ништо друго освен дека интересите и борбата за фотелји може да ги совлада сите пречки, коментираат дел од експертите.
Оваа коалиција склучена во Струга и во Кичево не е за доброто на македонскиот народ, значи имаме глума за одбрана на националните, етничките интереси, а фактички е борба од страната на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за фотелји.
Здравко Савески, универзитетски професор.

„Оваа коалиција склучена во Струга и во Кичево не е за доброто на македонскиот народ, значи имаме глума за одбрана на националните, етничките интереси, а фактички е борба од страната на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за фотелји“, вели професор Здравко Савески.
Предизборен митинг на СДСМ во Гостивар.
Предизборен митинг на СДСМ во Гостивар.

Ова воопшто не значи дека од партиските лидери може и во иднина да се очекува политичка волја кога би биле во прашање пошироките државни интереси како што се евронтеграциите или спорот за името, додава аналитичарот Насер Зибери.

„Тоа пак е индикатор дека политичките лидери се многу несериозни во креирањето на државната политика, значи кога се работи за тесно-партиски интереси може да ги победат суетите, но кога се работи за општиот интерес, тогаш се покажуваат како големи патриоти.“
Уште еден показател за тоа колку е големо нетрпението меѓу македонската и албанската националност во Македонија, таа е толку голема што може значи да ги седне на иста маса да најдат заеднички јазик и да договарат заеднички настап, само да не победи кандидат од другата етничка заедница.
Насер Зибери, политички аналитичар.

Ова може да биде лоша порака и до меѓународната заедница, додава Зибери, дека политичките лидери во земјава работат исклучиво за своите теснопартиски интереси, бидејќи целата оваа соработка се случи непосредно по вложените големи напори на европските дипломати да се помират партиските несогласувања кои ја воведоа земјава во политичка криза.

Конкретната соработка околу која настана брз договор според експертите може дури и да испрати негативни сигнали во врска со меѓуетничките односи, едногласни се експертите.

„Создава меѓуетнички тензии и ја нарушува меѓуетничката доверба и го нарушува концептот на граѓанско бирање“, вели Савески.

„Уште еден показател за тоа колку е големо нетрпението меѓу македонската и
албанската националност во Македонија, таа е толку голема што може значи да ги седне на иста маса да најдат заеднички јазик и да договарат заеднички настап, само да не победи кандидат од другата етничка заедница“, вели Зибери.

Градоначалник треба да биде оној во кој граѓаните гледаат најспособна личност да ја води нивната општина велат експертите, сите комбинаторики само не оддалечуваат од суштината на изборот.
XS
SM
MD
LG