Достапни линкови

Проекциите розови, економијата лоша


Министерот за финансии Зоран Ставрески, шефот на мисијата на ММФ Вес Мекгру и гувернерот на Народна банка Димитар Богов. 2011 година.
Министерот за финансии Зоран Ставрески, шефот на мисијата на ММФ Вес Мекгру и гувернерот на Народна банка Димитар Богов. 2011 година.

Народната банка предвидува дека носители на растот ќе бидат извозот и високата инвестициска побарувачка. Но бројките покажуваат пад на индустриското производство, а Владата повторно се задолжува на домашниот пазар.

Очекувањата за раст од над 2 проценти се нереални со оглед на сегашната состојба на македонската економија, коментираат упатените, дел од кои велат дека токму за носителите на растот речиси и да нема системска поддршка.
Освен ако, како што прави владата не се задолжува и понатаму и едноставно преку тие договори генерира некаква си домашна активност, побарувачка, па заради тоа ќе има некакво си движење во економијата.
Ванчо Узунов, универзитетски професор.

Народната банка ја задржа прогнозата за раст на македонската економија од 2, 2 проценти годинава. Според професорот Ванчо Узунов, член на опозициската СДСМ, станува збор за нереална проекција.
Графички приказ на раст на Бруто домашниот производ во 2012 година. И покрај очекувањата за раст од 2 до 4 проценти, македонската економија западна во рецесија. БДП, економија.
Графички приказ на раст на Бруто домашниот производ во 2012 година. И покрај очекувањата за раст од 2 до 4 проценти, македонската економија западна во рецесија. БДП, економија.

„Освен ако, како што прави владата не се задолжува и понатаму и едноставно преку тие договори генерира некаква си домашна активност, побарувачка, па заради тоа ќе има некакво си движење во економијата.“

Народната банка предвидува дека носители на растот ќе бидат извозот и високата инвестициска побарувачка. Очекувањата дека ќе се намали увозот за сметка на поголем извоз одамна не се оствариле, смета професор Узунов.
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:06 0:00
Директен линк

Постојат некакви елементи на таква поддршка, но по мене се недоволни за да може да се влијае на извозните активности и на зголемување на инвестициите, мислам пред се на домашните, затоа што ние треба да ја промениме економската политика во земјата и повеќе внимание да посветуваме на домашните инвестиции, отколку на странските, затоа што времето покажа дека странските инвестиции доаѓаат многу, многу полека, недоволно за да покренат нов инвестиционен циклус.
Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.
„Дека ќе има раст на извозот, а притоа проекциите беа дека ќе има пад на увозот, тоа во Македонија го немало во последните 30-40 години, а не дека ќе го има оваа година. Индустриското производство паѓа и нема шанси да се опорави, еве пројде месец и половина, половина од првиот квартал, а индустриското производство не се опоравува, така што таа проекција Народната банка ќе мора да ја ревидира.“

Во какви услови се прават предвидувањата за економско опоравување над нулата?

Бројките покажуваат пад на индустриското производство во текот на минатата година. Владата повторно се задолжува на домашниот пазар. Само денеска од фирмите ќе побара близу 57 милиони евра, додека пак извозот, на кој се базираат надежите за опоравување, лани падна за повеќе од 10 проценти.

За поттикнување на извозот, Народната банка кон крајот на 2012 година ја олабави монетарната политика, намалувајќи ја задолжителната резерва која банките треба да ја одвојуваат при кредитирање на нето извозниците

Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори забележува дека системската поддршка за инвестициите и извозот практично не постои.

„Постојат некакви елементи на таква поддршка, но по мене се недоволни за да може да се влијае на извозните активности и на зголемување на инвестициите, мислам пред се на домашните, затоа што ние треба да ја промениме економската политика во земјата и повеќе внимание да посветуваме на домашните инвестиции, отколку на странските, затоа што времето покажа дека странските инвестиции доаѓаат многу, многу полека, недоволно за да покренат нов инвестиционен циклус.“

Сепак Чекреџи е оптимист дека економијата во земјава ќе се опорави, посебно во вториот дел на годината.

Покрај проекциите на централната банка за раст од 2,2 отсто, Светската банка очекува дека македонската економија ќе порасне за еден процент годинава, со што се најдовме на претпоследното место во регионот, единствено пред Србија.
XS
SM
MD
LG