Достапни линкови

Бадијала раст на економијата без индустриско производство


Проектиранито раст од 2 отсто, нема да влијае на подобрување на економијата во услови кога индустриското производство последните четири години се намалило за околу 15 отсто.

Дури и да се оствари проектираниот раст од 2 проценти, тоа ништо нема да значи во услови на постојан пад на индустриското производство, велат упатените, откако државниот завод за Статистика објави дека на годишно ниво е забележан пад во индустријата од речиси 7 проценти.
Овој раст кој е планиран за 2013-та од 2-3 проценти, дури и да се оствари тоа не значи ништо. Вие ако имате четиригодишна серија на постојано паѓање од 4, 7 , 6 проценти годишно, што значи раст од 2 отсто во наредната година? Ништо вие нема да успеете да го вратите производството ниту на нивото од претходната година, а да не зборуваме споредено со 2008.
Никола Поповски, професор и поранешен министер за финансии.

Професорот и поранешен министер за финансии Никола Поповски вели дека во 2009 година падот е минус 7,7 проценти, во 2010 се регистрирани дополнителни 4,3 проценти намалување, а по малиот раст од 3 проценти преклани, минатата година падот е на речиси 7 отсто.

„За четири години ние сме го намалиле индустриското производство за отпилика 15 и повеќе проценти, од она што било во 2008, тоа значи 15 отсто помалку производство, 15 отсто помалку извоз од таквиот вид на производство, 15 отсто помалку вработени.“

Сето тоа значи дека Македонија во последниве четири години живее во многу тешка економска состојба, вели Поповски.

„И сега што да очекуваме со ваква тенденција? Овој раст кој е планиран за 2013-та од 2-3 проценти, дури и да се оствари тоа не значи ништо. Вие ако имате четиригодишна серија на постојано паѓање од 4, 7 , 6 проценти годишно, што значи раст од 2 отсто во наредната година? Ништо вие нема да успеете да го вратите производството ниту на нивото од претходната година, а да не зборуваме споредено со 2008, кога било во споредба со сегашното на многу повисоко ниво.“
Според тоа 2 отсто не е многу, имајќи предвид дека минатата година беше лоша, целиот последен период од 3-4 години беше лош, така да тоа некое минимално подобрување, не е некој голем напредок.
Владимир Глигоров, Виенскиот институт за економски студии.

Индустриското производство за жал нема силно влијание врз економскиот раст во Македонија вели Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии.

„Според тоа 2 отсто не е многу, имајќи предвид дека минатата година беше лоша, целиот последен период од 3-4 години беше лош, така да тоа некое минимално подобрување, не е некој голем напредок.“

Друго прашање е колку се реални проекциите, вели Глигоров.

„Претполагам да се смета дека надворшените прилики ќе се подобрат и ќе има еден поттик од таа страна на извозот и на производствот генерално, но тоа моментално е многу неизвесно.“

Доследно на падот на производството, се намалува и прометот во индустријата и тоа за над 30 отсто во Ноември лани во споредба со истиот период во 2011 година.
XS
SM
MD
LG