Достапни линкови

Животот на кредит скапо се плаќа


Секој граѓанин просечно им должи на банките по околу 700 евра. Најчесто ниските примања се причината поради која граѓаните се принудени да зeмаат кредити од банките, а за враќањето велат, нека му мислат банките.

Граѓаните на банките им должат околу 1,4 милијарда евра, според последните податоци на Народна банка. Тоа во просек значи дека секој граѓанин на земјава е должен по 700 евра. Од декември 2010 до крајот на 2012 година долгот на граѓаните се зголемил за 180 милиони евра.
Според мене многу е чудно да земеш кредит и да одиш на одмор. Ги разбирам луѓето кои имаат потреба за куќи, за битни животни прашања, но секој ден се заглавуваме се повеќе и повеќе и не знам до каде ќе оди тоа.
Анкетиран граѓанин.

Банките најавија дека подготвуваат пониски каматни стапки на кредитите, но не радикални. Според нив каматната стапка во 2009 година била 9,3 отсто, а лани достигнала до 7, 3 проценти. Најчесто ниските примања се причината поради која граѓаните се принудени да зимаат кредити од банките.

„Платите се мали и затоа мора да подигаат кредити.“

„Подигаат заради нивната економска состојба, има многу стечајци, многу невработени.“

„Земањето кредитите е нормално, во секој случај луѓето се без пари и пробуваат некако да се снајдат.“

„Се лакомиме по некои работи кои ни се вишок во животот. Според мене многу е чудно да земеш кредит и да одиш на одмор. Ги разбирам луѓето кои имаат потреба за куќи, за битни животни прашања, но секој ден се заглавуваме се повеќе и повеќе и не знам до каде ќе оди тоа.“

„Јас сум без работа, не знам ни дали ме следува кредит, а сакам да зема барем едно 500 евра.“

Најтешко е велат граѓаните кога кредитот треба да се врати.

„Нашите банки го злоупотребуваат тоа, знам дека каматите се лихварски. Се е на штета на граѓаните.“

„Проблемот кај нас е што не можеме да ги враќаме кредитите, а за тоа како граѓаните ќе ги вратат кредитите нека размислуваат банките.“

„Ние пензионерите што можеме, тие што имаат повисоки плати можеби ќе можат.“

„Не знам како ќе го вратам, ако не почнам нешто да работам.“

Некои од банките соопштија дека веќе ги намалиле каматите на штедните влогови.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG