Достапни линкови

Опозицијата го мери имотот на власта


Колку се збогатиле преставниците на власта?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Колку се збогатиле преставниците на власта?

Опозицискиот „Сојуз за иднината“ одржа протест пред Анти-корупциската комисија и праша колку се збогатиле претставниците на власта за време на мандатот.

Претставници на опозицијата ги читаа анкетните листови на пратениците од владеjачката партија пред Антикорупциската комисија. Клучни прашања за опозиционерите се како пратениците со своите примања стекнале големи имоти и зошто не реагирала антикорупциската комисија.
Влатко Ѓорчев, човекот што се китеше со титулата студент повеќе од една деценија, меѓу другото пријавил дека е сопственик на стан во Скопје во вредност од 110 илјади евра.
Претставник на опозицијата.

„За илустрација, како што покажува овој анкетен лист, Влатко Ѓорчев, човекот што се китеше со титулата студент повеќе од една деценија, меѓу другото пријавил дека е сопственик на стан во Скопје во вредност од 110 илјади евра.“
Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

„Големата министерка Гордана Јанкулоска во 2011 година се здобила, односно купила 157 метри квадратни станбен простор и тоа не каде било, туку во центарот на градот“, рекоа опозиционерите.

Тие пред влезот на Aнтикорупциска презентираа и детали од анкетните листови на пратеникот Александар Спасеновски, министерот Миле Јанакиески и други пратеници од владејачкото мнозинство.
Корупциското работење беше белег на владеењето на СДСМ. Само да потсетиме дека според листата на Транспаренси интернејшнал во 2006, на крајот на владеењето на СДСМ, Македонија беше рангирана на 105 место, а денес во време на Владите на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа на педесет места подобро рангирање. Ова е фактот кој СДСМ не може да го прифати.
ВМРО-ДПМНЕ.

„Вечниот студент Илија Димовски пријавил во анкетниот лист дека е сопственик на Мерцедес Е-класа во вредност од 13 илјади евра, а како имот на родители пријавил куќа во вредност од 19.500 евра, стан во вредност од 900 илјади денари, земјоделско земјиште во вредност од 300 илјади денари“, рекоа опозиционерите.

По инцидентот во Собранието, пратениците на опозицијата излегоа на улица. Пратеничката на СДСМ Весна Бендевска вели дека опозицијата е подготвена на дијалог за излез од политичката криза.

„Ние своите најавени оставки апсолутно ќе ги депонираме во моментот кога ќе биде јасно дека Груевски ќе се одлучи на луда политичка авантура и ќе ја втурне Македонија во уште посериозна политичка криза. Но тогаш тој ќе ја сноси комплетната одговорност на својот грб“, рече Бендевска.

Претставникот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов посочи дека со промените на Деловникот за ограничување на дискусиите во собраниските комисии нема да им се помогне на бранителите.

„И овојпат се покажа неискрениот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон бранителите, односно токму онаа комисија со којашто бранителите беа најмногу засегнати, Комисијата за труд и социјална политика, на неа нема да бидат лимитирани дискусиите на пратениците, односно овие ограничувања нема да важат во оваа комисија. Тоа уште еднаш докажува дека Никола Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ е лажен патриот“, рече Ангелов.

Опозиционерите најавија нов протест пред Управата за јавни приходи.

ВМРО-ДПМНЕ: Корупциското владеење беше белег на СДСМ

СДСМ со обвинувањата за корупција се обидува да ја манипулира јавноста и преку лаги и невистини да креираат лажна слика за Република Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Корупциското работење беше белег на владеењето на СДСМ. Само да потсетиме дека според листата на Транспаренси интернејшнал во 2006, на крајот на владеењето на СДСМ, Македонија беше рангирана на 105 место, а денес во време на Владите на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа на педесет места подобро рангирање. Ова е фактот кој СДСМ не може да го прифати“, стои во пишаната реакција.
XS
SM
MD
LG