Достапни линкови

Парламентот ефикасен, ама недемократски


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Владејачкото мнозинство во отсуство на опозицијата во Собранието, набрзина донесе неколку закони по скратена постапка. Носењето на законите на брзина и без расправа е недемократско, велат аналитичарите.

Интензитетот со кој се донесуваат нови закони или измени на постоечките, а без присуство на опозицијата, за експертите е спорен и недемократски чин. Илузијата дека забавената динамика на донесување законски решенија ќе значи неработење и нефункционален парламент е сосема погрешна, вели универзитетскиот професор Здравко Савески.
Особено проблематична е најавата за донесување на измени на Деловникот, бидејќи тоа е материја која по дефиниција не смее да оди со надгласување во Собранието, мора да се отвори дијалог и со консензус да се договорат измените во Деловникот.
Здравко Савески, универзитетски професор.

„Особено проблематична е најавата за донесување на измени на Деловникот, бидејќи тоа е материја која по дефиниција не смее да оди со надгласување во Собранието, мора да се отвори дијалог и со консензус да се договорат измените во Деловникот.“

И професор Арсим Синани вели дека носењето на законите на брзина и без расправа е недемократско. Ова е тенденција на владејачката партија да донесува закони кои и одговараат само нејзе, вели Синани.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

„Донесување на закон на ваков начин, да се донесуваат многу закони за кој нема расправи, треба да се плашиме во која фаза влегува Македонија. Што сака ВМРО-ДПМНЕ со ова да ни каже?“
Може да се донесуваат закони, меѓутоа колку овие закони ќе бидат функционални во функција на доброто на граѓаните, на општеството, на демократијата. Мислам дека ако се носат закони преку ноќ, тие закони и преку ноќ ќе се променат.
Арсим Синани, универзитетски професор.

Секогаш кога се брза да се донесе некое законско решение или неговите измени постои опасност од донесување на лош закон, велат упатените. Савески посочува дека нема потреба од итност во носењето закони, особено поради тоа што постојаните измени е тешко да се следат.

„Сегашниот парламентарен состав, турбо работи во измена на законите, толку турбо работи што се нарушува правната сигурност, бидејќи никој не може да знае дали некој член на закон уште важи или не важи.“

Синани посочува дека ваквото однесување на владејачкото мнозинство ја покажува својата моќ до ниво кое може да биде и опасно. Набрзина донесените законски решенија веројатно еден ден ќе треба повторно да се разгледуваат и менуваат, вели тој.

„Може да се донесуваат закони, меѓутоа колку овие закони ќе бидат функционални во функција на доброто на граѓаните, на општеството, на демократијата. Мислам дека ако се носат закони преку ноќ, тие закони и преку ноќ ќе се променат.“

Во последниот месец, Собранието на Република Македонија донесе 14 закони по скратена постапка. Еден од нив е предлог законот за изменување и дополнување на законот за високо образование. Реакции во јавноста предизвикаа и предлог измените на законот за Влада со кој се засилува обезбедувањето на премиерот по истекот на мандатот. Последен пример е предлогот на претседателот на комисијата за деловнички и мандатно-имунитени прашања, Александар Николовски за измени во собранискиот деловник за скратување на времето на дискусии во комисиите и работните тела.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG