Достапни линкови

Собранието го урива Уставот!?


Уставен укинува одредби, Собранието повторно ги носи. Битката меѓу Уставниот суд и Собранието укажува на криза во односот меѓу институциите и нивна меѓусебна деградација.

Собранието го урива уставниот поредок со тоа што не ги почитува одлуките на Уставниот суд, односно повторно носи исти измени на закони кои претходно биле поништени од Уставниот суд, велат аналитичарите. Ваквата битка меѓу Уставниот суд и Собранието укажува на криза во односот меѓу институциите и нивна меѓусебна деградација.
Не може да се води битка по нешто што е со Уставот утврдено. Уставниот суд сака да го воспостави уставниот поредок, а Собранието сака да го нарушува, тоа е проблемот, а не битки да се водат. Во битката, легитимитет имаат две страни, а овде нема легитимитет, акцијата на Собранието кога оди против одлуките на Уставниот суд.
Стојан Андов, поранешен претседател на Собрание на РМ.

Поранешниот претседател на Собранието и дологодишен пратеник Стојан Андов вели дека претседателот на Парламентот треба да води сметка и да не ги става на дневен ред точките кои се однесуваат на измени на закони кои со одлука на Уставниот суд веќе еднаш биле поништени.

„Не може да се води битка по нешто што е со Уставот утврдено. Уставниот Суд сака да го воспостави уставниот поредок, а Собранието сака да го нарушува, тоа е проблемот, а не битки да се водат. Во битката, легитимитет имаат две страни, а овде нема легитимитет, акцијата на Собранието кога оди против одлуките на Уставниот суд.“

Претседателот на Уставниот суд
Пратеникот Илија Димовски зборува во македонското Собрание
Пратеникот Илија Димовски зборува во македонското Собрание
Бранко Наумоски вчера упати порака до Собранието да не создава политичка култура со која кога Уставниот суд ќе укине нешто, тоа повторно да се донесе.

Досега неколку закони и делови од нив, поминаа и по најмалку два пати низ рацете на судиите за проверка за уставност. Примери за тоа се
Доколку од една партија се доминира во влада, во Собрание се обезбеди мнозинтво, се гуши опозиција, Претседателот е како една полуга и сега и Уставниот суд и изборот на судии во судскиот Совет и тн., тогаш значи се девалвираат другите вредности одредени со Уставот.
Бајрам Положани, професор.

законите за лустрација, работни односи, законот за градба, високо образование и патриотските фискални сметки.

Неодамна, неколку часа откако Уставниот суд по втор пат одлучи да укине речиси исти членови од законот за лустрација, Илија Димовски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави дека тоа нема да ги запре и дека пратениците ќе работат на нов поефикасен начин за спроведувањето на лустрацијата.

Поранешниот уставен судија и професор по уставно право Бајрам Положани вели дека причините за непочитувањето на Уставниот суд се субјективни, но резултатите од сето тоа укажуваат на деградација на институциите.

„Нема потреба истиот правен режим кој еднаш бил на уставно-правна проценка сега повторно да се донесува. Тоа зборува за шиканирање меѓу себе на самите институции и на крај и краишта тоа е преглед на целото општество.“

Положани додава дека станува збор за еден однос кон иституциите со кој се обезбедува истомисленост во сите сегменти, по секоја цена, а таквата состојба е алармантна. Со таквиот однос се деградира едно од основните начела на Уставот, а тоа е плурализмот.

„Доколку од една партија се доминира во влада, во Собрание се обезбеди мнозинство, се гуши опозиција, Претседателот е како една полуга и сега и Уставниот суд и изборот на судии во судскиот Совет и тн, тогаш значи се девалвираат другите вредности одредени со Уставот.“

Положани вели дека таквиот начин на дејствување остава простор за сомневање дека во мај, кога им истакува мандатот на тројца судии од Уставниот суд, ќе бидат поставени нови носители на функции што се склони кон власта.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG