Достапни линкови

Извозните компании полесно ќе доаѓаат до кредити


Димитар Богов, гувернер на Народна банка.
Димитар Богов, гувернер на Народна банка.

Гувернерот на Народна банка Димитар Богов најави намалување на каматната стапка за кредитите наменети за извозните компании и проекти за производство на електрична енергија.

Народната банка создава услови за намалување на каматните стапки на кредитите за нето извозниците и за финансирање проекти за производство на електрична енергија. Гувернерот Димитар Богов вели дека со намалување на задолжителната резерва, се создава простор за поевтино финансирање преку банките.
Мерката е насочена не кон државата, не кон владата, туку е насочена кон претпријатијата, значи за претпријатијата кој ќе добијат кредит, а се некои извозници или финансираат енергетски проект, конкретно производство на електрична енергија, само за тие кредити банките ќе можат да бидат ослободени од обврската за задолжителна резерва.
Димитар Богов, гувернер на Народна банка.


„Со тоа што банките нема да мора да издвојат задолжителна резерва за изборите на средства коишто се користат за финансирање на вакви компании или проекти, автоматски ќе се намали и оној монетарен трошок, оној трошок од монетарната политика кој досега банките го имаа.“

Дали парите од банките ќе се прелеат во државните компании од енергетскиот сектор? Богов одговара.
Зградата на Народна Банка на Македонија.
Зградата на Народна Банка на Македонија.

„Мерката е насочена не кон државата, не кон владата, туку е насочена кон претпријатијата, значи за претпријатијата кој ќе добијат кредит, а се некои извозници или финансираат енергетски проект, конкретно производство на електрична енергија, само за тие кредити банките ќе можат да бидат ослободени од обврската за задолжителна резерва.“

Мерките не се толку широки, вели гувернерот на прашањето дали банките ефективно ќе реагираат на вонредните мерки.

„Тука имаме директен ефект, затоа што само доколку ги одобрат тие кредити, банките ќе ја уживаат поволноста да им се намали обврската за задолжителна резерва.“

Сега топката е кај банките, додава првиот човек на Народната банка.

„Легитимни да го користат кредитот ќе бидат само компаниите во А и Б категорија, а со тоа што имаат можност да добијат пониски каматни стапки, значи се зголемува потенцијалот за враќање на тие кредити повеќе отколку кога каматите би биле повиски.“

До сега централните банки ретко користеа вакви инструменти кои во светот зачестено се имплементираат во услови на нестабилност.
XS
SM
MD
LG