Достапни линкови

Во Македонија недостига квалитетно млеко


За да се мотивираат фармерите да произведуваат квалитетно млеко, Министерството за земјоделство најави дека висината на субвенциите од в година ќе зависи од квалитетот, а не од количината.

Во Македонија се чувствува недостиг на квалитетно млеко, се жалат млекарниците. Ваквата ситуација се провлекува веќе неколку години, а според фармерите е последица на преполовениот сточен фонд по пропаѓањето на Сведмилк, но се должи и на незадоволството од ниските откупни цени што за млекото ги даваат другите млекарници, а достигаат одвај 20 денари за литар.
Нема млеко, кравите се преполовени. Ги продадовме за Албанија и Косово. Вртат камионите и ги купуваат, плаќаат по 1100 до 1500 евра за добра крава. Во Жабени дневно има 2,5 тони млеко, а претходно имаше по 5 тони и уште ќе се намалува. Го тураме млекото пет фармери во ист казан и од него земаат проба и на сите различно им го плаќаат. Значи не одат по квалитет туку според личности.
Фармер од битолско.

„Нема млеко, кравите се преполовени. Ги продадовме за Албанија и Косово. Вртат камионите и ги купуваат, плаќаат по 1100 до 1500 евра за добра крава. Во Жабени дневно има 2,5 тони млеко, а претходно имаше по 5 тони и уште ќе се намалува. Го тураме млекото пет фармери во ист казан и од него земаат проба и на сите различно им го плаќаат. Значи не одат по квалитет туку според личности.“

„Млекарниците не се во ред со цената. Ако кажеме спротивно ќе лажеме.“

„Ние не сме фармери. Фармери се оние во Европа, ние сме гојдари кога се мачиме за парче леб“, реагираат фармерите.

Од Битолската млекарница велат дека преземаат мерки за надминување на недостигот од сирово млеко со увоз на високо квалитетни јуници за потребата на сточарите, но проблемот не се надминува преку ноќ.
Во Македонија чувствуваме недостиг на квалитетно млеко. Тој недостиг е долгорочен и не се надминува брзо зашто таква е природата на оваа работа. Цената варира, тука во Македонија може да биде од 18 до 22 денари во зависност од волуменот и квалитетот на млекото.
Роко Водопија, генерален директор на Битолската млекарница.

„Во Македонија чувствуваме недостиг на квалитетно млеко. Тој недостиг е долгорочен и не се надминува брзо зашто таква е природата на оваа работа. Цената варира, тука во Македонија може да биде од 18 до 22 денари во зависност од волуменот и квалитетот на млекото“, вели Роко Водопија, генерален директор на Битолската млекарница.

Од млекарницата потврдуваат дека се размислува за нејзино продавање, но не откриваат дали причината за тоа е недостигот на млечна суровина.

„Пред повеќе од година дена нашите сопственици изјавија дека одат во процес на продажба. Тој процес уште не е завршен, колку ќе трае е непознато и зависи од многу фактори“, додава Водопија.

Со цел мотивација на фармерите да произведуваат квалитетно млеко, Министерството за земјоделство најави дека висината на субвенциите од в година ќе зависи од квалитетот на предадениот род.

„Така ќе бидат насочени и субвенциите за млеко врз основа на квалитетот, а не врз основа на литар продадено млеко. Кој ќе го мери квалитетот? Ќе инвестираме во акредитирани лаборатории. Приватни инвеститори отворија лабораторија во Битола, таква лабораторија имаме предвидено како влада да финансираме и во Штип. Три до четири лаборатории ќе бидат сосема доволно да ги задоволат потребите во Македонија“, изјави заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG