Достапни линкови

„Златна лира“ - афирмација на културните вредности


Димитрије Бужаровски, македонски композитор и музички уметник.
Димитрије Бужаровски, македонски композитор и музички уметник.

Во Музеј на град Скопје, започнува шестото издание на Интернационалниот фестивал „Златна лира“.

Наместо во декември како досега, шестото издание на фестивалот „Златна лира“, со идеја перформансите да се одржуваат во нормални услови за настап на уметниците, ќе се случува од 15 до 29 овој месец.
Јас предложив тоа да биде еден ретроспективен концерт кој што ќе ги опфати опусите од самиот почеток, барем оние што ги имам евидентирано. Првото дело е Сонатината за пијано напишано 1969 година кое што многу се изведува, до последниот опус 62, дело напишано во мај и изведено во јуни оваа година и се вика „Кабаре“. Ова дело доживува праизведба на нешто што се има случено пред многу години бидејќи темата за варијациите ја подготвив своевремено за телевизиската серија Македонија може.
Димитрије Бужаровски, композитор и музички уметник.

Од Сојузот на музичките уметници на Македонија, организаторот на оваа манифестација, велат дека и ова нејзино издание го потпишуваат со многу ентузијазам и со крајно редуцирани средства за нејзино обистинување. Тие истакнуваат дека поголемиот дел од концертите ќе се одржат со силна подршка од самите уметници кои на еден или друг начин добиле средства за своите настапи, а како карактеристика на годинешниот фестивал го издвојуваат убавиот спој на искуството со младоста.

„Отворањето ќе биде со професорот Бужаровски, наш пијанист, диригент, истражувач и пред се композитор. Тој ќе се претстави со концертот „Ретроспектива“ во кој ќе ни понуди дел од своето творештво „од опус 1 до опус 62“. На 19 октомври во Даут пашин амам ќе настапи дувачкиот квинтет „Нишки солисти“ со што ја продолжуваме традицијата секоја година да имаме на програмата по еден состав од странство, а продолжуваме со претставувањето на младите уметници од Факултетот за музичка уметност пред чиј концерт ќе се одржи промоцијата на цедето на професорот Велко Тодевски. Затворањето, пак, ќе биде со „Дуо Рибарски“ кои слават 35 години од својата уметничка дејност и ова ќе биде убава можност да се чуе тромбонот како солистички инструмент“, вели Љубиша Кировски, претседател на Сојузот на музичките уметници на Македонија.

А, Бужаровски, пак, говорејќи за престојниот пијано-видео перформанс објаснува дека дека иницијативата за концертот потекнала од Сојузот на композиторите на Македонија и дека поводот за тоа била 60-годишнината од неговиот живот.

„Јас предложив тоа да биде еден ретроспективен концерт кој што ќе ги опфати опусите од самиот почеток, барем оние што ги имам евидентирано. Првото дело е Сонатината за пијано напишано 1969 година кое што многу се изведува, до последниот опус 62, дело напишано во мај и изведено во јуни оваа година и се вика „Кабаре“. Ова дело доживува праизведба на нешто што се има случено пред многу години бидејќи темата за варијациите ја подготвив своевремено за телевизиската серија Македонија може.“

Професорот потенцира дека ретроспективен концерт за опус како неговиот тешко може да се организира со минимални средства со колку што располагаат организаторите на манифестацијата, па затоа тој се решил да направи пет кратки филмови кои што се приказна самите за себе. Тие говорат за неговото симфониско творештво, за напишаните ораториуми, балетите, операта „Деспина и мистер Докс“, делата од камерниот репертоар и вокалните циклуси, а на крајот е театарската музика.

„Ова видео не е ретроспектива само на Бужаровски. Тоа е поврзано со Бужаровски и луѓето што ќе се појават во него се маркери на Македонската музичка култура во последниве четири децении.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG