Достапни линкови

Концерт на „Вест коуст симфони“ со македонски солисти


Мјузик прогресив квартет.
Мјузик прогресив квартет.

Со концертот во Сули ан од 20.30 часот, завршува серијата на перформанси на канадскиот „ВЕСТ КОУСТ СИМФОНИ“ во Македонија.

Формиран во почетокот на 1970-те години во Ванкувер како гудачки оркестар, „ВЕСТ КОУСТ СИМФОНИ“ во средината на наредната декада со вклучувањето на дувачки инструменти и удиралки израсна во голем симфониски ансамбл кој вообичаено претставува по седум програми секоја сезона. Со реноме на вистински репрезент на канадската музичка сцена, овој оркестар, во перидот 1 – 15 јули, ја реализира и својата долгоподготвувана турнеја по југоисточна Европа во рамките на која по четири концерти потпиша во соседна Албанија и во Македонија.
Задоволството од нивна страна е преголемо да се запознаат со една култура којaшто за нив е нормално ориентална на свој начин и егзотична, со нашата музика нели како типичен претставник на нашата култура, така што соработката продолжува понатаму.
Паскал Краповски, Мјузик прогресив квартет.

Главен диригент на оркестарот од 2008 година е Бујар Липај. Маестро Липај дипломирал на катедрата за диригирање при Академијата за уметност во Тирана, потем се усовршувал во Франција, едно време бил директор на Албанската национална опера и основач на тамошниот Нов филхармониски оркестар, а пред преселбата во Канада често настапувал по Европа, вклучувајќи ги тука и перформансите со Македонската филхармонија и оркестарот на МОБ.
Бујар Липај, диригент.
Бујар Липај, диригент.

Воопшто целиот концерт заедно со солистите Мјузик прогресив квартет е конципиран со една современа музика, со една добра програма која што ќе претставува задоволство, како за слушателите, така и за музичарите коишто ја изведуваат.
Емилија Потевска, пијанистка.
Она што, пак, е особено важно за четирите концерти на „ВЕСТ КОУСТ СИМФОНИ“ кај нас е што на нив како солисти се појавуваат членовите на потентниот македонски состав „Мјузик прогресив квартет“. Имено, Владимир Лазаревски - обоа, Владимир Крстев - виолина, Марко Виденовиќ – виола и Паскал Краповски – виолончело, од 2007 година кога е формиран квартетот, успешно го презентираат македонскиот фолклор со влијанијата на модерниот џез и сето тоа оригинално отсвирено на инструменти кои најчесто се застапени во класичната музика.

Тие во изминатиов период ги освоија симпатиите на публиката на неколку европски фестивали, а во март годинава ја реализираа и својата трета турнеја во САД притоа остварувајќи и плодна творечка дружба со композиторот Дуке Бојаџиев.

На програмата на оваа серија концерти на „ВЕСТ КОАСТ СИМФОНИ“ со „Мјузик прогресив квартет“ се дела на Глинка, Бизе, Пуленк, Офенбах и нашите Виденовиќ и Бојаџиев, а за остварената соработка челистот Краповски вели дека се случила несекојдневна музичка хемија со взаемен почит на обете култури.

„Задоволството од нивна страна е преголемо да се запознаат со една култура којaшто за нив е нормално ориентална на свој начин и егзотична, со нашата музика нели како типичен претставник на нашата култура, така што соработката продолжува понатаму.“

Тој, во името на матичниот состав, дополнува дека посебно му се радуваат на скопскиот концерт на кој, во Сули ан, исто така како солист ќе им се придружи Емилија Потевска, доцент по пијано на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и уметнички селектор и менаџер на интернационалниот фестивал за современа музика „Модоарс“, кој се јавува како ко-организатор на ова случување.

„И воопшто целиот концерт заедно со солистите Мјузик прогресив квартет е конципиран со една современа музика, со една добра програма која што ќе претставува задоволство, како за слушателите, така и за музичарите коишто ја изведуваат“, заклучува Потевска.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG