Достапни линкови

Како да се излезе од рецесијата?


Експерти и бизнисмени разговараа на панел дискусијата на тема „Рецесијата и ЕУ искуства, предизвици и контроверзи“.

Македонската рецесија е во директна зависност од кризата во еврозоната и носи голем број предизвици со кои пред сè треба да се справи домашната економија. Засега се познати потезите на Владата, но колку се тие во рамките на оптималните решенија и колку се создадени услови за нивно спроведување, разговараа на панел дискусијата на тема „Рецесијата и ЕУ искуства, предизвици и контроверзи“ домашни експерти и претставници на бизнис заедницата, но и ММФ преку својот претставник.
Да видиме кој е реалниот износ на долговите тука, не би знаел. И второто прашање што оди рака под рака со ова е кој ќе биде планот за сето тоа. На пример, имаше некои најави дека ќе се исплати сиот тој долг до крајот на февруари, меѓутоа како тоа подетално би се спровело. И уште една работа тука, добро, проблемот се случи како проблем, но да видиме какви промени во системот се направени за ова да не се случува во иднина. Значи, во ред, вие ќе ги исплатите долговите, но следната година може истото пак да ви се случи. И третата работа што би сакал да ја потенцирам е како да се финансира тоа бидејќи Македонија е ограничена земја кога станува збор за можностите за финансирање.
Александар Тиеман, ММФ.

Ниското ниво на економски раст е најголемиот предизвик, но и долговите на буџетската страна, апострофира Александар Тиеман од ММФ. Иако самата најава звучи многу позитивно, постојат многу нејаснотии во најавата дека ќе се исплаќаат долговите кон стопанствениците по основ на ДДВ, вели Тиеман.

„Да видиме кој е реалниот износ на долговите тука, не би знаел. И второто прашање што оди рака под рака со ова е кој ќе биде планот за сето тоа. На пример, имаше некои најави дека ќе се исплати сиот тој долг до крајот на февруари, меѓутоа како тоа подетално би се спровело. И уште една работа тука, добро, проблемот се случи како проблем, но да видиме какви промени во системот се направени за ова да не се случува во иднина. Значи, во ред, вие ќе ги исплатите долговите, но следната година може истото пак да ви се случи. И третата работа што би сакал да ја потенцирам е како да се финансира тоа бидејќи Македонија е ограничена земја кога станува збор за можностите за финансирање.“

Сè уште немаме одговори на овие прашања кои се однесуваат на проблемите на кус рок, додава Тиеман. На среден рок, вели тој, предизвиците остануваат исти. Тој порачува дека не треба да се зголемува јавниот долг и да се размислува околу предизвикот да се остане на исто ниво на даноци при зголемени трошоците за пензии на други слични давачки. На долг рок останува најголем предизвик намалувањето на невработеноста.

Кризата во Македонија не е од вчера, потенцираше претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи, но во услови на рецесија со големи проблеми почна да се соочува најмногу индустријата. Ликвидноста и конкурентноста се главните предизвици, но и соработката на реалниот сектор со образованието за задоволување на реалните потреби од работна сила која сè уште не е адаптирана на пазарот, но и на полето на даноците, кои даноци можат да се намалат, а кои да се зголемат.

„Ние самите ова не можеме да го реализираме. Во ова државата треба да ни биде партнер, а ние сме сведоци на тоа дека нашата држава, односно влада, којашто би требало да биде оперативна, којашто треба да биде деполитизирана, не е тоа.“

Зголемување на конкурентноста и продуктивноста е главна задача за Македонија. Македонија е рангира на 79 место според генералниот индекс на конкурентност. При тоа, најлошо сме рангирани во делот на т.н., поттикнувачи на ефикасноста и иновативноста.

„Не се креираат работници, односно вештини и знаења коишто ѝ се потребни на деловната заедница“, додаде Никица Мојсовска Блажевски, декан на факултетот за бизнис администрацијата при американскиот колеџ во Скопје.

Покрај ова, слабата работната етика, неефикасната администрација и корупцијата ги зголемуваат проблемите на домашните компании, додава Блажевска. Пренасочувањето на расходите и приоритетите, таа го смета за можна помош при долгорочно намалување подобрување на македонската економија.
XS
SM
MD
LG