Достапни линкови

Нема опасност од западнонилска треска


Комарец - преносител на западнонилска треска.
Комарец - преносител на западнонилска треска.

Повеќе од 80 отсто од заразените со овој вирус немаат никакви симптоми, околу 10 отсто од заболените добиваат симптоми на грип, а само кај 1 отсто се јавуваат невролошки компликации, смируваат надлежните.

Изборот на граѓаните се сведува на тоа да се зголеми нивото на личната хигиена и да се користат средства против комарци, кои го пренесуваат вирусот на Западнонилската треска, велат лекарите, имајќи предвид дека ова заразно заболување кое се пренесува при каснување од комарец може да предизвика и сериозни заболувања.
Значи мачкање со репелентин на отворени делови на телото, во домашни услови поставување на тие мрежи на врати и прозорци, да си имаат како навика веќе мрежи да си ставаат, доколку во дворовите имаат застоени води сè тоа да исчистат, да нема буриња со вода, застоени води за да не им се берат комарци. Некоја посебна превенција нема, само превенција против комарци.
д-р. Јованка Костовска, Министерство за здравство.

„Значи мачкање со репелентин на отворени делови на телото, во домашни услови поставување на тие мрежи на врати и прозорци, да си имаат како навика веќе мрежи да си ставаат, доколку во дворовите имаат застоени води сè тоа да исчистат, да нема буриња со вода, застоени води за да не им се берат комарци. Некоја посебна превенција нема, само превенција против комарци“, порачува д-р. Јованка Костовска од Министерството за здравство.
Илустрација: Прскање против комарци.
Илустрација: Прскање против комарци.

Kлиниката и здравствениот систем од претходната година, кога првпат имаше инфицирани лица, се подготвени за сопствен одговор, појасни д-р. Костовска.
Само мал број, еден отсто од заболените може да јават менингит, енцефалит. Тоа е обично кај постари луѓе, со намален имунитет, со хронични заболувања, кај таквите. Со климатските промени и вирусот од топлите краишта дојде навака и ќе го има и во наредните години.
д-р. Јованка Костовска, Министерство за здравство.

Годинава навремено почнало прскањето против комарци, а во најголем број од општините се исушувани застанатите води и е спроведена дезинсекција која е најдобра мерка за уништување на комарци. Западнонилската треска е заразно заболување кое се пренесува при каснување од комарец и може да предизвика сериозни заболувања од кои најопасните се менингитис, енцефалитис и парализа. 80 отсто од заразените со овој вирус немаат никакви симптоми на болеста. Околу 10 отсто од заболените добиваат симптоми на грип, а само кај 1 отсто се јавуваат невролошки компликации, појаснува д-р. Костовска.

„80 отсто ќе ги касне инфициран комарец, ќе добијат вирус, ќе го имаат, ама нема да имаат никакви симптоми. Само кај 20 отсто се јавуваат симптоми слични на грип ама поминуваат, за шест дена ќе помине и без некоја посебна терапија. Само мал број, еден отсто од заболените може да јават менингит, енцефалит. Тоа е обично кај постари луѓе, со намален имунитет, со хронични заболувања, кај таквите. Со климатските промени и вирусот од топлите краишта дојде навака и ќе го има и во наредните години“, вели Костовска.

Еве што на оваа тема велат граѓаните:

„Има разни средства, после убод да се мачкаме итн.“

„Мислам, комарци ме каснале, ама фала богу жив сум.“

„Идната година ако бидат вакви горештини дека треба да биде известен народот, што, како, која превенција.“

„Мислам дека е прашање на имунитет, а во последно време многу се зборува за имунитетот, за здравата исхрана“, велат анкетираните граѓани.

Една жена почина од западнонилска треска, а старец и дете се заразени од смртоносниот вирус и се лекуваат на Kлиниката за инфективни болести.

„Тие се во подобра општа состојба, се излекуваат веќе“, информира д-р. Костовска.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG