Достапни линкови

Грипот не попушта


Досега четири лица починаа од вирусот на свински грип
Досега четири лица починаа од вирусот на свински грип

По смртта на четири лица од вирусот А Х1Н1, превентивните мерки остануваат на сила. Досега се пријавени вкупно 24.000 заболени од грип.

Има случаи, самиот вирус да предизвика бурна реакција кај организмот и смрт, но најчеста причина за фатален исход се бактериските компликации после инфекцииte од грип. Ова се објаснувањата на лекарите, откако во изминатите 48 часа на Клиниката за инфективни болести починаа четири лица од свински грип, меѓу кои и бремена жена.

Примери на компликации кај здрав човек има помалку оваа година за разлика од лани и по тоа се
Вирусот го оштетува респираторниот тракт и дава компликации, пневмонија итн, и уште почеста причина е кај срцеви болни или болни од нешто друго кои не можат да ја издржат таа промена на високи температури, нагли падови на температурата, губење на течности...
разликува пандемскиот грип од другите да предизвика бурна реакција кај организмот, вели професорот по микробиологија Никола Пановски, но повторува дека вирусот најмногу ги погодува луѓето кои веќе се болни:

Досега 24 000 лица заболени од грип

„Значи вирусот го оштетува респираторниот тракт и дава компликации, пневмонија итн, и уште почеста причина е кај срцеви болни или болни од нешто друго кои не можат да ја издржат таа промена на високи температури, нагли падови на температурата, губење на течности итн.“

Комисијата за пандемски грип вчера одржа состанок на кој беше разгледана состојбата со заболени од грип и беа донесени препораки во однос на тоа дека сезоната на грип се уште е во тек и затоа на сила остануваат превентивните мерки за заштита.

Според информациите од Клиниката, грипот, особено од типот А Х1Н1, брзо напредува и дава тешка клиничка слика со масовни пневмонии. Пријавени се вкупно 24.000 заболени од грип.

Искуствата на лекарите зборуваат дека
Со појава минатата година на медиумската кампања за т.н. свински грип секој ден слушаме за смртни случаи, што незначи дека на пример во 90-тите години немало такви случаи.
вирусот треба да почне да стивнува во наредните две недели, со доаѓањето на пролетта, да се намалува бројот на заболени. Според статистиките, грипот има фатални последици во голем број случаи, односно секоја година умираат по неколку милиони луѓе во светот, но ново е што сега ова се објавува на медиумите, откако лани се појави таканаречениот свински грип, вели професор Пановски. Тој потсетува дека е важно да не се одолговлекува со лекувањето на грипот:

„Со појава минатата година на медиумската кампања за т.н. свински грип секој ден слушаме за смртни случаи, што не значи дека на пример во 90-тите години немало такви случаи. За жал немаме, а и дали се водела воопшто порано статистика, колку причина за смрт е грипот како таков.“

Комисијата препорача, при појава на првите симптоми, луѓето веднаш да се обратат кај својот матичен лекар, а и натаму останува да важи препораката за вакцинација особено на ризичните групи.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG