Достапни линкови

Амнести со забелешки за човековите права во Македонија


Архивска фотографија: Протест на новинари во Македонија.
Архивска фотографија: Протест на новинари во Македонија.

Полиција, слобода на медиуми, бавна децентрализација, дискриминација. Дел од забелешките за Македонија на Амнести интернејшнал.

Неказнувањето на лошото постапување од страна на полицијата продолжува, власта ја ограничува слободата на медиумите. Децентрализација на надлежностите на општините бавно напредува, законот за употреба на јазиците делумно се спроведува. Продолжува дискриминацијата кај етничките Албанци и Роми во образованието. Овие се само дел од забелешките за Македонија кои ги констатира Амнести интернејшнал во својот најнов извештај.
Владеењето на правото коешто е доведено во серизона криза, во борбата против организираниот криминал се почесто се користат алатки без да се води доволно сметка за заштита на правата на одбраната и презумпцијата на невиност. Повторно имаме нови случаи со полициски пречекопрувања, проблемите со злоупотреба на лустрацијата, имаме серизони забелешки на полето на механизмите за борба против дискриминација.
Гордан Калајџиев, Хелсиншки комитет.

Загрижувачка е состојбата со човековите права во Македонија, констатира првиот човек на Хелсиншкиот комитет, Гордан Калајџиев. Тој наведува неколку области во кои се забележува секојдневно непочитување на човековите права.
Гордан Калајџиев.
Гордан Калајџиев.

„Владеењето на правото коешто е доведено во серизона криза, во борбата против организираниот криминал се почесто се користат алатки без да се води доволно сметка за заштита на правата на одбраната и презумпцијата на невиност. Повторно имаме нови случаи со полициски пречекопрувања, проблемите со злоупотреба на лустрацијата, имаме серизони забелешки на полето на механизмите за борба против дискриминација.“

Еве кои се, според поранешниот претседател на Хелсиншки, професор Осман Кадриу, критичните области каде што граѓаните имаат сериозни проблеми со остварувањето на човековите права.
Проблематични сфери остануваат и натаму трудово-правните области, правата на граѓаните кога се јавуваат како странки пред судската власт. Пред администрацијата имаме сериозни проблеми со вакви профили на кадар кои се вработени, непрофесионални и имаат директен одраз врз повредата и неостварувањето на правата на човекот и на граѓанинот.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

„Проблематични сфери остануваат и натаму трудово-правните области, правата на граѓаните кога се јавуваат како странки пред судската власт. Пред администрацијата имаме сериозни проблеми со вакви профили на кадар кои се вработени, непрофесионални и имаат директен одраз врз повредата и неостварувањето на правата на човекот и на граѓанинот.“

Особено алармантно е тоа што власта нема слух за подобрување на таквата состојба, а забележливи се и системските слабости кај владеењето на правната држава. Хелсиншкиот комитет забележува се поголема политизација на институциите на системот, а власта си замислува дека сите институции се алатки за спроведување на волјата на партијата што ги добила изборите, заклучува Калајџиев.

„Не покажуваат воопшто разбирање дека во системот овие механизми на правната држава и на поделба на власта во модерните демократии се поставени за тоа да се спречи политиката да го надвладее правото и да се стават некакви контролни механизми за да заштитуваат од арбитрарност и злоупотреби.“

И според Кадриу заложбите на политичките субјекти за надминување на конкретните проблеми со човековите права се само декларативни. Кога сето тоа што е напишано во законите треба да се примени во пракса, работите закочуваат, вели тој.

„Имаме суштествено отстапување од нормираното и тоа што се спроведува во практика, така што реформите треба да бидат спроведени на повеќе нивоа и со полна одговорност.“

Соговорниците апелираат и на потребата од критика и јавна дебата, поголема транспарентност и соработка на државните институции за да се надминат постоечките проблеми во областа на човековите права.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG