Достапни линкови

Балканот незаинтересиран за исчезнатите


Фотографии на исчезнати луѓе во Приштина.
Фотографии на исчезнати луѓе во Приштина.

Илјадници луѓе се уште се водат за исчезнати и две децени по крајот на конфликтит на Балканот. Во периодот од 1991 до 2001 за исчезнати беа пријавени 34.700 луѓе. Роднините на најголемиот дел од нив се уште ја чекаат правдата, соопшуваат од Амнести интернешнал по повод Меѓународниот ден на исчезнатите.

Oколу 14 илјади луѓе се уште се водат за исчезнати од конфликтите во регионот во текот на 90-те години на минатиот век. Oд Организацијата за човекови права Амнести интернешнал во соопштението насловено „Треба да се знае - Семејствата на Балканот се уште во мрак“, побара од властите во балканските држави да ја истражат судбината на исчезнатите. Од Амнести интернешнал повикуваат и властите да ги казнат оние кои се одговорни за исчезнувања.
Луѓето кои живеат на Балканот се уште не го затвориле прашањето за присилно исчезнатите. Исчезнатите им причинуваат секојдневно болка на роднините кои се уште чекаат да чујат нешто за нив, барајќи ја вистината, правдата и одговорноста.
Језерка Тигани, Амнести интернешнал.

Претставничката на Амнести интернешнал одговорна за Европа и Централна Азија Језерка Тигани, ги повика владите да се осигураат дека на сите жртви и на нивните семејства им е овозможен пристап до правдата.
Језерка Тигани.
Језерка Тигани.

„Луѓето кои живеат на Балканот се уште не го затвориле прашањето за присилно исчезнатите. Исчезнатите им причинуваат секојдневно болка на роднините кои се уште чекаат да чујат нешто за нив, барајќи ја вистината, правдата и одговорноста“, изјави Тигани.

Меѓу исчезнатите има од сите етнички групи и возрасти. Цивили и војници, жени, деца, а нивните семејства имаат право да ја знаат вистината за нивното исчезнување и до каде е истрагата за исчезнатите, велат од Амнести интернешнл.
Премиерот Никола Груевски на нашиот последен состанок јасно ни кажа дека нема да има амнестија за таканаречените „Хашки случАи“и ние сега сме многу изненадени. Државата ги ослободи тие кои се виновни за исчезнувањето на нашите сакани.
Вена Димовска, сопруга на еден од исчезнатите Македонци.
во конфликтот во 2001.

Во Македонија нема ефикасна истрага

Повеќе од една декада по крајот на конфликтот во 2001-та во Македонија, властите не направија ефикасна истрага за исчезнатите, стои во извештајот.

Нема адекватни мерки во случајот за исчезнувањето на шест етнички Албанци за кои се верува дека се жртви на полицијата за време на вооружениот конфликт.
Меѓународен Комитет за исчезнати луѓе во Босна и Херцеговина.
Меѓународен Комитет за исчезнати луѓе во Босна и Херцеговина.

Во извештајот се наведува дека роднините на исчезнатите Македонци не ја прифаќаат одлуката на парламентот од 2011 година за амнестија на четирите случаи за воени злосторства кои се вратија од Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг. Овие случаи го вклучуваат и киднапирањето на 12 етнички Македонци и еден Бугарин, од страна на албанската Ослободителна национална армија.

Во извештајот е наведена и изјавата од Асоцијацијата на роднини на киднапирани и исчезнати Македонци, кои се изненадени и лути на одлуката на Парламентот од јули мината година.

„Премиерот Никола Груевски на нашиот последен состанок јасно ни кажа дека нема да има амнестија за таканаречените „Хашки случаи“ и ние сега сме многу изненадени. Државата ги ослободи тие кои се виновни за исчезнувањето на нашите сакани“, изјавила Вена Димовска, чиј сопруг е еден од исчезнатите Македонци.

Во соопштението на Амнести интенешанл се обвинуваат властите во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово за неуспехот „да ги почитуваат своите меѓународни правни обврски за ефикасна истрага и кривично гонење“ во случаите со исчезнати лица.

Од властите во Македонија се бара да ја ратификуваат Конвенцијата за заштита на сите луѓе од намерни исчезнувања и да ја имплентираат во националниот закон.

Од ЕУ бараат да им помогне на владите на Балканот да го подобрат функцинирањето на правниот систем и на тој начин да се овозможи задоволување на правдата во случаите со исчезнатите лица.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG