Достапни линкови

Сиромаштијата и религиозноста - рака под рака


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Религиозноста е најчесто поврзана со сиромаштија и во услови на економска криза граѓаните најчесто бараат помош во верата, вели социологот Ѓорги Тоновски.

Тоа што 90 проценти од македонските граѓани се изјасниле како религиозни, според последното истражување на Галуп, за упатените во оваа област не е изненадување. Социологот Ѓорги Тоновски вели дека најчесто религиозноста е поврзана со сиромаштијата и оти во услови на економска криза граѓаните најчесто бараат помош во верата.
Значи луѓето, бидејќи кризата е голема, бидејќи таа не дава можности за еден подостоен живот, луѓето се свртуваат кон Бога. Бидејќи една од функциите на религијата е таа да дава некаква психолошка поддршка на луѓето во услови на криза, во услови на страв, катастрофи, катаклизма.
Ѓорги Тоновски, социолог.

„Значи луѓето, бидејќи кризата е голема, бидејќи таа не дава можности за еден подостоен живот, луѓето се свртуваат кон Бога. Бидејќи една од функциите на религијата е таа да дава некаква психолошка поддршка на луѓето во услови на криза, во услови на страв, катастрофи, катаклизма“, изјави Тоновски.

Податоците дека Македонија е една од најрелигиозните земји не е ништо ново и за дебарскиот муфтија Ружди Љата. Тој вели дека е тоа повторување на историјата и трендот кој престанал само во времето на комунизмот.

„Историја. Некој живеел 600 години под Османлиите, мора да биде верник, тој другиот живеел под Византијците, мора да биде верник. Тоа е историска носталгија на Балканот. Се пренесува од колено на колено, од дедовци, прадедовци итн.“, вели Љата.
Историја. Некој живеел 600 години под Османлиите, мора да биде верник, тој другиот живеел под Византијците, мора да биде верник. Тоа е историска носталгија на Балканот. Се пренесува од колено на колено, од дедовци, прадедовци итн.
Ружду Љати, муфтија.

Според дебарскиот муфтија, големата религиозност на македонските граѓани не мора да биде поврзана со сиромаштијата. Тој не се согласува дека сиромашниот граѓанин е подобар верник и порелигиозен од оној за кои парите не се никаков проблем.

„Сиромашниот човек е многу поблиску да чини грев. Сиромашниот може да убие човек и не се исти гревовите. И ниедна објавена вера не држи до тој став дека сиромашниот е добар верник. Добар верник е тој што стигнува да има богатство, ама да им дава на другите.“

Податоците од истражувањето зборуваат и за намалување на бројот на атеисти. Само еден процент од испитаниците се изјасниле како атеисти, за разлика од пред неколку години кога тој процент бил три.

„Како одминуваме од социјализмот, којшто во основа и почиваше на атеизам и како тој притисок се смалува во однос на верското чувство, така сега расте количината на верско чувство, а се намалува количината на тоа атеистичко чувство“, објаснува професор Тоновски.

Истражувањето на Галуп покажало дека Македонија не е во општиот тренд во светот каде што религиозноста во изминатите седум години опаднала за девет отсто, а атеизмот се проширил за 3 проценти. Во земјава, според истото истражување, осум отсто од граѓаните се изјасниле како нерелигиозни.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG