Достапни линкови

Мерилин Монро, 50 години од нејзината смрт

Денеска се навршуваат 50 години од смртта на американската филмска икона Мерилин Монро. Таа беше најдена мртва во нејзиниот дом во Лос Анџелес, откако се предозирала со средства за спиење. Но, нејзината смрт останува да биде во сферата на разни теории на заговор.

Смртта на Мерилин Монро е последица од акутно труење со барбитурати, е наведено во иследничкиот извештај во кој стои и тоа дека цитираме, веројатно станува збор за самоубиство.

Токму ова „веројатно“ ги отвори сомневањата дека 36-годишната Мерилин би можело да биде убиена. Пет децении од трагичниот настан тој останува тема на разни теории на заговор.

Повеќето водат до љубовната афера што таа ја имаше со американскиот претседател Џон Кенеди и со неговиот брат Роберт кои и двајцата беа убиени во атентати.

​Некои теории сугерираат дека таа знаела премногу за претседателот и оти тајните служби ја убиле. Други, пак, сугерираат дека Монро била жртва на мафијата.

Мерилин Монро - Портрет на еднa американска икона

Мерилин Монро во костим за капење, 1950 година.
1/11 Мерилин Монро во костим за капење, 1950 година.
Педесет години по нејзината трагична смрт од предозирање со барбитурати на 5 август, привлечноста на актерката и секс-симболот Мерилин Монро и денес е силна, како што беше пред пет децении. Еве неколку слики од животот и кариерата на една од најпознатите икони и интригантни личности во Холивуд.
Монро се омажи за полицаецот Џејмс Дагерти во 1942 година кога имаше само 16 години. Се разведе во 1946. Нејзиниот втор сопруг беше бејзбол ѕвездата Џо Димаџо (на сликата) во 1954 година. СЕ разведоа девет месеци потоа.
2/11 Монро се омажи за полицаецот Џејмс Дагерти во 1942 година кога имаше само 16 години. Се разведе во 1946. Нејзиниот втор сопруг беше бејзбол ѕвездата Џо Димаџо (на сликата) во 1954 година. СЕ разведоа девет месеци потоа.
Педесет години по нејзината трагична смрт од предозирање со барбитурати на 5 август, привлечноста на актерката и секс-симболот Мерилин Монро и денес е силна, како што беше пред пет децении. Еве неколку слики од животот и кариерата на една од најпознатите икони и интригантни личности во Холивуд.
Третиот и последен брак на Монро со писателот Артур Милер. Стапија во брак во 1956 а се разведоа во 1961 година.
3/11 Третиот и последен брак на Монро со писателот Артур Милер. Стапија во брак во 1956 а се разведоа во 1961 година.
Педесет години по нејзината трагична смрт од предозирање со барбитурати на 5 август, привлечноста на актерката и секс-симболот Мерилин Монро и денес е силна, како што беше пред пет децении. Еве неколку слики од животот и кариерата на една од најпознатите икони и интригантни личности во Холивуд.
Мерилин Монро со актерката Вивиен Ли и со сер Лоренс Оливие во 1956 година.
4/11 Мерилин Монро со актерката Вивиен Ли и со сер Лоренс Оливие во 1956 година.
Педесет години по нејзината трагична смрт од предозирање со барбитурати на 5 август, привлечноста на актерката и секс-симболот Мерилин Монро и денес е силна, како што беше пред пет децении. Еве неколку слики од животот и кариерата на една од најпознатите икони и интригантни личности во Холивуд.
Монро на аеродромот во Њујорк пред летот за Чикаго на промоција на филмот ,,Некој тоа го сакаат жешко,, 1959 година.
5/11 Монро на аеродромот во Њујорк пред летот за Чикаго на промоција на филмот ,,Некој тоа го сакаат жешко,, 1959 година.
Педесет години по нејзината трагична смрт од предозирање со барбитурати на 5 август, привлечноста на актерката и секс-симболот Мерилин Монро и денес е силна, како што беше пред пет децении. Еве неколку слики од животот и кариерата на една од најпознатите икони и интригантни личности во Холивуд.
Монро наздравува со францускиот актер и пејач Ив Монтан во Холивуд по снимањето на нивниот филм ,,Ајде да се сакаме,, во режија на Џорџ Цукор, 1960 година.
6/11 Монро наздравува со францускиот актер и пејач Ив Монтан во Холивуд по снимањето на нивниот филм ,,Ајде да се сакаме,, во режија на Џорџ Цукор, 1960 година.
Педесет години по нејзината трагична смрт од предозирање со барбитурати на 5 август, привлечноста на актерката и секс-симболот Мерилин Монро и денес е силна, како што беше пред пет децении. Еве неколку слики од животот и кариерата на една од најпознатите икони и интригантни личности во Холивуд.
Мерилин Монро, неколку месеци пред смртта во 1962 година.
7/11 Мерилин Монро, неколку месеци пред смртта во 1962 година.
Педесет години по нејзината трагична смрт од предозирање со барбитурати на 5 август, привлечноста на актерката и секс-симболот Мерилин Монро и денес е силна, како што беше пред пет децении. Еве неколку слики од животот и кариерата на една од најпознатите икони и интригантни личности во Холивуд.
На погребот на Мерилин Монро. Умре од преголема доза на лекови на 5 август 1962 година.
8/11 На погребот на Мерилин Монро. Умре од преголема доза на лекови на 5 август 1962 година.
Педесет години по нејзината трагична смрт од предозирање со барбитурати на 5 август, привлечноста на актерката и секс-симболот Мерилин Монро и денес е силна, како што беше пред пет децении. Еве неколку слики од животот и кариерата на една од најпознатите икони и интригантни личности во Холивуд.
Огромната популарност на Монро беше испирација и за американскиот поп арт уметник Енди Ворхол.
9/11 Огромната популарност на Монро беше испирација и за американскиот поп арт уметник Енди Ворхол.
Педесет години по нејзината трагична смрт од предозирање со барбитурати на 5 август, привлечноста на актерката и секс-симболот Мерилин Монро и денес е силна, како што беше пред пет децении. Еве неколку слики од животот и кариерата на една од најпознатите икони и интригантни личности во Холивуд.
Портретот на Мерилин Монро пред продавница за килими во провинцијата Кунар во Авганистан.
10/11 Портретот на Мерилин Монро пред продавница за килими во провинцијата Кунар во Авганистан.
Педесет години по нејзината трагична смрт од предозирање со барбитурати на 5 август, привлечноста на актерката и секс-симболот Мерилин Монро и денес е силна, како што беше пред пет децении. Еве неколку слики од животот и кариерата на една од најпознатите икони и интригантни личности во Холивуд.
Мерилин Монро, Кан.
11/11 Мерилин Монро, Кан.
Педесет години по нејзината трагична смрт од предозирање со барбитурати на 5 август, привлечноста на актерката и секс-симболот Мерилин Монро и денес е силна, како што беше пред пет децении. Еве неколку слики од животот и кариерата на една од најпознатите икони и интригантни личности во Холивуд.
Previous slide
Next slide
Нејзината интерпретација на честитката по повод 45 роденден на претседателот Џон Кенеди во Медисон Сквер Гарден пред повеќе од 15 илјади луѓе, беше едно од последните појавувања на Монро во јавноста.

Среќен роденден претседателе

Родена како Норма Џин Мортенсон, подоцна го зема презимето на мајка и Бејкер, таа беше холивудска актерка која стана секс-симбол и опсесија, но и инспирација на многу генерации не само во Соединетите Држави.

За првпат се омажи на 16 години. Имаше уште два брака и тоа со бејзбол ѕвездата Џо Димаџо и со писателот Артур Милер, но сите три нејзини бракови завршија со развод.

Сними 23 филмови, а беше портретирана во 14 други. Нејзините филмови како на пример: „Некои тоа го сакаат жешко“, „Мажите сакаат русокоси“, „Како да се омажиш за милионер“, „Нема бизнис како шоу бизнис“, „Нијагара“ или „Дијамантите се најдобар пријател на девојките“ беа вистински хитови кои заработија за тоа време неверојатни 200 милиони долари. За неа се напишани и над 600 книги.

Разголените фотографии за магазинот Плејбој во 1953 година и ја донесоа титулата, и тоа многу години по нејзината смрт, „Број еден секс ѕвезда во 20 век“. Инаку, фустанот што го носеше на роденденот на претседателот Џон Кенеди на аукција беше продаден за 1.267.500 долари.

Долго време тоа беше најскапото парче облека во светот, се додека белиот фустан со кој Мерилин Монро се појави во легендарната сцена кога ветерот од вентилацијата на метрото и го крева над колената во филмот „Некои тоа го сакаат жешко“, лани беше продаден за над 5,5 милиони долари.

Мерилин Монро и по пет децении останува холивудска икона и ѕвезда која не бледнее.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG