Достапни линкови

Бардо на Апчевска најдобар на Дрим фест во Романија


„Бардо“, дипломскиот труд на македонската режисерка Марија Апчевска.
„Бардо“, дипломскиот труд на македонската режисерка Марија Апчевска.

„Бардо“, дипломскиот труд на македонската режисерка Марија Апчевска, доби награда за најдобар краток филм на вториот Меѓународен фестивал на филмови за деца „Дрим фест“, што од 20 до 24 јуни, се одржа во Слатина, Романија.

Наградите се мотив повеќе за натамошна работа и верба дека трудот сепак се исплатува – вели Марија Апчевска, режисерката на „Бардо“, по добивањето на наградата за најдобар краток филм на вториот Меѓународен фестивал на филмови за деца „Дрим фест“ што од 20 до 24 јуни се одржа во Слатина, Романија. Ова е трето по ред големо признание за нејзиниот дипломски труд кој својата премиера ја имаше во февруари годинава на престижниот Берлински филмски фестивал во рамките на програмата за млади „Генерација“.
Човек не тргнува да прави нешто со надеж дека ќе добие награда, барем не јас, воопшто не сум размислувала дали ќе прошетам по фестивали. Секако, секој посакува нели, да не бидеме нескромни, но никој не се води главно од таа мисла. Секој се води пред се да го направи она што го замислил, што би сакал да изгледа онака како што сакал да изгледа. Главната водилка секако не се наградите, но секако се добредојдени.
Марија Апчевска, режисерка.

Имено, 14-минутното остварување за кое Апчевска заедно со Катерина Момева го напиша и сценариото, на „Астерфест 2012“ што се одржа во Струмица, беше прогласено за Најдобар краткометражен филм во рамките на програмата „Глобална фикција“, а таа ја доби и наградата „Ацо Алексов“ за најдобар македонски автор.
Марија Апчевска, македонска режисерка.
Марија Апчевска, македонска режисерка.

„Човек не тргнува да прави нешто со надеж дека ќе добие награда, барем не јас, воопшто не сум размислувала дали ќе прошетам по фестивали. Секако, секој посакува нели, да не бидеме нескромни, но никој не се води главно од таа мисла. Секој се води пред се да го направи она што го замислил, што би сакал да изгледа онака како што сакал да изгледа. Главната водилка секако не се наградите, но секако се добредојдени.“
Сметам дека се уште е рано, не би одела толку преамбициозно, сега засега уште еден краток па за потоа ќе видиме.
Марија Апчевска, режисерка.

Марија Апчевска зад себе има неколку краткометражни студентски остварувања од кои позначаен е филмот „Правосмукалка“ снимен 2008 година, а дипломираше на Факултетот за драмски уметности во класата на професорот Столе Попов. Моментално е ангажирана на снимањето на неговиот нов филм „До балчак“ и за ваквото искуство вели дека е драгоцено за секој млад автор и наедно убава можност да се провери во пракса она што било говорено на предавањата. Сепак, режисерката, иако си пожелува игран филм во иднина, вели дека за неа е прерано за таков исчекор.

„Сметам дека се уште е рано, не би одела толку преамбициозно, сега засега уште еден краток па за потоа ќе видиме.“

Патешествието на „Бардо“, чиј работен наслов беше „Балон“ и во кој е прикажан детски поглед на светот, перцепиран од девојче чиј лик го толкува осумгодишната Марија Благоевска, ќе продолжи на фестивал во Ирска, потем и на манифестациите во Монпелие - Франција, во Билбао – Шпанија и на уште неколку други случувања каде што се во тек претселекциите за делата пристигнати на конкурсот.

Инаку, Марија Апчевска веќе размислува и за своето ново остварување, но вели дека е прерано да говори за темата што ќе ја третира и евентуално за екипата со која што би го работела.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG