Достапни линкови

ЕУ директива за сезонска работа


Рози во економијата не цветаат ни во земјите членки на ЕУ, но сепак таму има потреба од сезонски работници. ЕУ издаде директива за регулиран престој на работниците во земјите членки.

Европската унија во почетокот на јуни издаде директива за сезонско вработување со цел земјите членки да се отворат за сезонски работници од трети земји. Директива е да се регулираат правата на работниците во сите земји на Европската унија, кои ќе бидат обезбедени со основните работнички права, како што се договорот за вработување, што го дефинира работното време и платата. На овој начин за прв пат во Европската унија се регулира сезонската работа, што досега се регулираше различно од земја до земја.
Секој работник сега ќе мора да има договор со јасно одреден број на работни часови, со јасно прецизирана плата која работодавачот ќе биде должен да ја исплати. Потоа работниците ќе имаат можност да ги користат социјалните права во таа земја членка на ЕУ, освен оние поврзани со вработување.

Секој работник сега ќе мора да има договор со јасно одреден број на работни часови, со јасно прецизирана плата која работодавачот ќе биде должен да ја исплати. Потоа работниците ќе имаат можност да ги користат социјалните права во таа земја членка на ЕУ, освен оние поврзани со вработување. Законот предидува дозвола за престој или дозвола за работа врз основа на сезонска работа, а оваа дозвола може да биде автоматски продолжена за уште шест месеци, доколку е потребно.

Постојат и опции да се олесни пристапот на работната сила до три години ако работодавачите изразат потреба за работа која ќе трае три години, па луѓето ќе можат да добијат работни места на крајот на една година, автоматски и за другите две години.

Според проценките на Европската комисија, секоја година во Европската унија има потреба за над 100.000 странски сезонски работници. Традиционално, станува збор за работници за време на жетвената сезона, за работа во хотели и туристички работници.

Од друга страна, економската криза остава последици во Европската унија. Потребите за вработување се зголемени само во неколку земји како што се Луксембург, Полска, Белгија и Германија. Во 2012 година дури и да има тренд на опаѓање.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG