Достапни линкови

Европа им должи на македонските земјоделци


Фармата на Стевче Пивковски од пелагониското село Могила.
Фармата на Стевче Пивковски од пелагониското село Могила.

Земјоделците што добиле пари од ИПАРД фондовите се жалат дека половина од парите уште не им се исплатени.

Парите од ИПАРД фондовите бавно се исплаќаат за македонските земјоделци. Досега само на две фарми во земјава им биле прифатени барањата да добијат финансиска помош од овој претпристапен фонд наменета за модернизација на краварските фарми. Овие двајца фармери, чекајќи ги парите од ЕУ, подигнале кредити ги модернизирале фармите и набавиле скапа опрема, но преку ИПАРД фондовите се уште не им се вратени сумите кои ги вложиле.
Во мојата фарма градбaта и опремата се заедно и чинеше 350.000 евра. Таа е прва фарма која требаше да се изгради преку ИПАРД фондовите. Засега само дел од средствата за градежни работи се повратени. Година дена откако е аплицирано за повраток на средствата за опремата се уште не сме добиле пари, иако контролата од Брисел помина и констатира дека се е во ред. За опремата околу 56.000 евра се уште не се вратени. Тоа тешко не погодува. Користиме кредити со осум отсто камата. Моментално работам за банките.
Стевче Пивковски, фармер од Могила.

„Во мојата фарма градбaта и опремата се заедно и чинеше 350.000 евра. Таа е прва фарма која требаше да се изгради преку ИПАРД фондовите. Засега само дел од средствата за градежни работи се повратени. Година дена откако е аплицирано за повраток на средствата за опремата се уште не сме добиле пари, иако контролата од Брисел помина и констатира дека се е во ред. За опремата околу 56.000 евра се уште не се вратени. Тоа тешко не погодува. Користиме кредити со осум отсто камата. Моментално работам за банките“, вели фармерот Стевче Пивковски од пелагониското село Могила.

Досега многу мал процент од средствата на ИПАРД програмата се искористени за македонските земјоделски стопанства, а се наменети за нивно доближување до ЕУ стандардите.

„Не знам кој е проблемот. Од 70 милиони евра, само два милиони се искористени. Само во две фарми е инвестирано. Не знам дали би се нафатил сега некој друг ова да го работи зашто гледаат што нас ни се случува“, додава Пивковски.

Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски најави дека ќе испита каде настанал проблемот.

„Јас се видов со двајцата фармери. 50 проценти од средствата што ги вложиле не им се вратени. Договоривме заеднички состанок со претставници од Агенцијата за финансиска поддршка. Ќе видиме дали воопшто има некој проблем или можеби се работи за некоја неажурност. Ќе поразговараме и ќе се најде решение“, објасни Коњановски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG