Достапни линкови

Мрежи против град за заштита од невреме


И покрај стопроцентната успешност во заштитата на насадите, мал број земјоделци употребуваат градобијни мрежи за заштита од невреме и други штети.

Од големите штети во земјоделството при неодамнешниот град со невреме што ја зафати Македонија, се спасија мал број насади кои беа заштитени со специјалните мрежи што во Охрид ги произведува единствениот производител на градобијни мрежи во земјата и регионов. Стручњаците велат дека оваа стопроцентна заштита ја употребуваат минимален број
Ако се работи за овоштарници, се поставуваат на метална конструкција, над овошните дрва, се поставуваат за време на сезоната, кога има опасност од град, не мора да стојат преку цела година.

земјоделци кај нас, кои поради скептичниот и козервативен менталитет некористењето на мрежите кои нашиот производител ги извезува во соседните и Европските земји, ги чини пустош на насадите и уништување на целогодишната реколта од град.

„Мрежите можат да се постават на било кој насад, ако се работи за овоштарници, се поставуваат на метална конструкција, над овошните дрва, се поставуваат за време на сезоната, кога има опасност од град, не мора да стојат преку цела година, за време на зимата. Имаат долг век, траат минимум седум години и обезбедуваат стопроцентна заштита од град. Тие се направени така да не е возможно да пропуштат ниедно зрно град под мрежата“, вели Мирослав Трајчески, агроном од Охрид.

Архива: Големо невреме неодамна го погоди Куманово. Градот е голема закана за земјоделските насади.

Квалитетните домашни полипропиленски градобијни мрежи практични за поставување и отстранување, кои се дел од субвенциите за земјоделците преку ИПАРД-програмата се задолжителни во други земји.

„Во соседните земји да не одиме подалеку, во една Словенија, па и Србија сега, кога се прави елаборат за подигнување овошен насад, доколку во него не постои конструкција за заштита од град, не може да се добие кредит. Значи, како што се купува садниот материјал, така треба да се купи и мрежата против град. Покрај основната, има и споредни предности, како што е заштитата од птици, зависно од густината на
Како што се купува садниот материјал, така треба да се купи и мрежата против град. Покрај основната, има и споредни предности, како што е заштитата од птици, зависно од густината на материјалот, заштита со сенка, заштита од инсекти...

материјалот, заштита со сенка, заштита од инсекти, што значи предностите се многустрани“, објаснува Трајчески.

Со специјалните домашни градобијни мрежи во земјава се заштитени мал број овошни насади во велешко, струмичко, охридско, кај понапредните земјоделци кои прифаќаат новини.

„Нашите штети се премногу големи, сто отсто е се уништено. И овошјето, и градинарските култури, лозовите насади, доматите, пиперките, се е целосно уништено, градот беше страшило што се случи“, се жалат оштетените земјоделци од охридско, кои во општинската комисија имаат доставено 60 барања за обесштетување од градот и невремето што овој месец ги зафати земјоделските насади во Велгошти, Лескоец и други места.

Стручњаците апелираат наместо да ги бројат загубите, тие на време да ги заштитат своите насади со градобијните мрежи, кои ги има во сите земјоделски аптеки, и така да го спасат родот од потенцијални штети, кои секогаш се многукратно поскапи од заштитата.
XS
SM
MD
LG