Достапни линкови

Нема намалување на невработеноста со раст под два отсто


Жељко Богетиќ, главен економист за Западен Балкан на Светска банка.
Жељко Богетиќ, главен економист за Западен Балкан на Светска банка.

Од Светската Банка, како најголем проблем во Македонија ја наведуваат невработеноста. Сугерираат власта да инвестира во инфраструктура и да ги плати долговите кон приватниот сектор, за да има поголем економски раст.

Невработеноста е голем проблем во Македонија и не може да се очекува дека со економски раст од 2 проценти ќе има намалување на високата стапка. Ова е оценката на економистите на Светска банка на прес-конференција на која го презентираа вториот регионален извештај. Во него се наведува дека економиите на Македонија, Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе забави, достигнувајќи минимален раст од само 1,1 отсто. Тоа значи дека се отвораат предизвици за владите на овие земји – како да се соочат со забавувањето на економскиот раст без поголеми последици врз невработеноста, сиромаштијата и стандардот на граѓаните.
Невработеноста остнува многу висока. Имаше мало намалување, но тоа губи здив во вториот квартал од годината. Кризата ги запре придобивките во намалувањето на невработеноста. Стапката на економски раст не овозможува позначајна апсорпција на работна сила и не резултира со придобивки за сиромашните.
Жељко Богетиќ, главен економист за Западен Балкан на Светската Банка.

За да има повисоки стапки на економски раст, потребни се повеќе инвестиции, изјави главниот економист на Светска Банка за Западен Балкан Жељко Богетиќ. Тој рече дека иако имало намалување на невработеноста во изминатите 12 месеци со натамошното забавување ќе биде тешко да се одржат тие придобивки.
Логото на Светска Банка.
Логото на Светска Банка.

„Невработеноста остнува многу висока. Имаше мало намалување, но тоа губи здив во вториот квартал од годината. Кризата ги запре придобивките во намалувањето на невработеноста. Стапката на економски раст не овозможува позначајна апсорпција на работна сила и не резултира со придобивки за сиромашните“, изјави Богетиќ.

Според него, многу е важно колку пари владата ќе инвестира во изградба на инфраструктура во иднина, бидејќи тоа е темел за поконкурентна економија со поголем потенцијал за раст.
Клучен е и проблемот со долговите на државата кон приватниот сектор. Ние го отворивме тоа прашање во Владата и мислам дека во иднина оваа ситуација ќе се стабилизира.
Жељко Богетиќ, главен економист за Западен Балкан на Светската Банка.

„Владата со ребалансот скрати голем дел од капиталните инвестиции за годинава, но мислам дека тие се сепак на високо ниво кое ќе и помогне на економијата полесно да ја преживее оваа криза. Исто така, клучен е и проблемот со долговите на државата кон приватниот сектор. Ние го отворивме тоа прашање во Владата и мислам дека во иднина оваа ситуација ќе се стабилизира“, изјави главниот економист на Светска банка.

Според него, за повидливи резултати во делот на вработувањата потребно е земјава да оствари раст од 4,5 или 6 проценти. Од Светска банка сугерираат дека е потребно да се донесат законски измени кои ќе овозможат пофлексибилни услови за вработување преку намалување на давачките што треба да ги даваат работодавачите на државата.

Меѓу првите работи на кои се укажува во извештајот е дека најголем ризик за Македонија и останатите земји од регионот и понатаму е состојбата во Грција. Меѓутоа, економистите на Светска банка сугерираат владите да ги спроведат сите структурни реформи во економиите како основа за побрз економски развој во наредните години.

На прашање дали економската криза во Грција може да се прелее во Македонија, главниот економист за Западен Балакан рече дека сега шансите се помали зашто Македонија, за разлика од порано, сега се преориентирала кон други пазари за извоз.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG