Достапни линкови

Тачи: Во Македонија нема радикален ислам


Протест на млади муслимани против апсењата во врска со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.
Протест на млади муслимани против апсењата во врска со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.

Прашањето за радикален ислам во земјава не е ново, во зависност од случувањата се вади на маса за политички поентирања, тврди лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Можам одговорно да тврдам дека во Македонија нема радикален ислам, а изјавата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека извршителите на убиството кај Смиљковското Езеро е смешна, помалку трагична и служи за заплашување, вели претседателот на ДПА Мендух Тачи во неделното интервју за Радио Слободна Европа кое ќе се емитува в недела. Тачи објаснува дека ако извршителите се радикални исламисти тогаш тоа е организирана структура која поворно би можела да изведе таква акција.
Вие кога имате јавно соопштение од Стејт департментот,во кое се вели дека ги очекуваме фактите, тоа е дипломатски јазик, а кога би ги појасниле изјавите, тие велат немате факти и немате аргументи. Трето, зашто министерката не ни кажува кој е концесионер, дали тоа може да биде еден банален конфликт? Мислам дека таквите квалификации се дадени од преголемиот страв да се зуцне оти можните сторители се Албанци или Македонци.
Мендух Тачи, ДПА.

„Вие кога имате јавно соопштение од Стејт департментот,во кое се вели дека ги очекуваме фактите, тоа е дипломатски јазик, а кога би ги појасниле изјавите, тие велат немате факти и немате аргументи. Трето, зашто министерката не ни кажува кој е концесионер, дали тоа може да биде еден банален конфликт? Мислам дека таквите квалификации се дадени од преголемиот страв да се зуцне оти можните сторители се Албанци или Македонци.“

Случувањата по убиството, вели тој, се сценарио на владејачката коалиција.

„Коалиционите партнери да ни поглумат малку тензија, да не убедат дека сме во опасност, да ја убедат или принудат, според нив, меѓународната заедница да не примат во НАТО. Кога видоа дека овие работи можат да станат многу озбилни и многу сериозни наредија да се повлечат луѓето што ги инстриурале од ваквите манифестации.“
Сметам дека организарана, посебна некоја организација не постои во Македонија, меѓутоа поединци кои или се носители или поддржувачи на активностите на радикалниот ислам ги има и од тој аспект Република Македонија треба во превентивна смисла да се организира и да делува.
Благоја Марковски, Балкански Форум за безбедност.

Лидерот на владејачката партија Али Ахмети во интервју за МТВ изјави дека во Македонија нема радикални исламистички групи, туку само поединци кои може да ги има секаде. Ахмети во интервјуто го искоментира и протестите против акцијата „Монструм“, за кои во дел од медиумите се пишуваше дека впрочем се протести насочени кон него и дека е тоа битка во албанскиот блок. Тој го повтори ставот на ДУИ дека ќе инсистираат и на странска експертиза во судскиот процес и оти тој лично гарантира дека никој невин нема да одговара. Сепак, додава дека дестабилизацијата на Македонија нема да му донесе на регионот ништо добро.

Прашањето за постоење на радикален ислам во земјава не е ново, во зависност од случувањата се вади на маса за политички поентирања. Пред неколку години Исламска верска заедница прво негираше, а потоа потврди дека радикалниот ислам е навлезен во џамиите, односно дека нема контрола врз четири џамии, за неодамна да потврди дека се смириле со, како што ги нарекуваа, „одметнатите верници“.

Дали постои и колку е присутен во земјава радикалниот ислам е дилема која се отвори по убиството кај Смилковци, особено откако Јанкулоска јавно потврди дека зад убиството стојат радикални сили чија цел е да сеат страв и неизвесност. Потоа следуваа и протести при кои демонстрантите тврдеа дека нема такви структури во земјава и дека притворените се неправедно приведени во монтиран случај.
Претседателот на Балканскиот Форум за безбедност Благоја Марковски вели дека опасност од поединци да преземат терористички активности секогаш има, особено доколку се земат предвид настаните од блиското минато.

„Сметам дека организирана, посебна некоја организација не постои во Македонија, меѓутоа поединци кои или се носители или поддржувачи на активностите на радикалниот ислам ги има и од тој аспект Република Македонија треба во превентивна смисла да се организира и да делува.“

Марковски додава дека сите настани после злосторството кај Смиљковското Езеро се политички злоупотребени, сите оние демонстрации кои се појавија се политички потикнати, но добро е што граѓаните сфатија дека тоа не води никаде и дека треба да се дистанцираат од таквите активности.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG