Достапни линкови

Манипулирани деца не знаат за што протестираат


Демократското право на протест по дефиниција го исклучува искористувањето на децата во политички цели и нивно вклучување во ризични настани кои може да ескалираат со насилство.

Искористувањето на деца во политички цели во Македонија е загрижувачка појава, а случувањата од изминатиот викед каде што голем број на деца излегоа да протестираат за политички и верски прашања, укажува дека станува збор за злоупотреба која е казниво дело, а виновниците треба да одговараат пред законот доколку стојат зад овие протести, велат од првата детска амбасада Меѓаши.

Од минатите години искуството ни покажува дека децата не се доволно преиспитуваат во што се втурнуваат, за какви цели и каузи се залагаат, одаваат впечаток дека не знаат за што протестираат, лесно е да се манипулира со нив за да одат на протести особено преку социјалните мрежи или пак некој ги однел дотаму, знаејќи дека децата се лесни за манипулација и се поигруваат со нивната судбина.
Драги Змијанац, прва детска амбасада во светот Меѓаши.
Директорот на Меѓаши, Драги Змијанац вели дека веќе подолг период во континуитет децата се искористуваат во интерес на одредени политички партии за партиски собири или протести каде што може интезитетот на насилствата да ескалира.

„Од минатите години искуството ни покажува дека децата не се доволно преиспитуваат во што се втурнуваат, за какви цели и каузи се залагаат, оддаваат впечаток дека не знаат за што протестираат, лесно е да се манипулира со нив за да одат на протести особено преку социјалните мрежи или, пак, некој ги однел дотаму, знаејќи дека децата се лесни за манипулација и се поигруваат со нивната судбина. Многу е ризично да се подгрева и да се поттикнува детe, односно некој кој му зависи судбината на неговиот живот особено во вакви ризични ситуации и ризични однесувања.“
Протести против радикален ислам.
Протести против радикален ислам.

На протестите кои се одржаа викендов можеше да се забележи десетгодишно дете како држи транспарент на кој е испишано „Сопот 2“ или, пак, друго момче кое со нацистички поздрав и се обраќа на полицијата.
Дури и оние кои се уште не ја доживеале зрелоста се подготвени, спремни на нешто кое само по себе тие не го знаат, но ги знае оној кој ги употребува, тоа е суштинската димензија на злоупотреба на овие деца, кои се уште не се во таа состојба да бидат свесни за себе и за она што ги опкружува.
Илија Ацески, социолог.

Професор Илија Ацески вели дека главното прашање е зошто организаторите на протестите доколку постојат, ги злоупотребуваат децата и ги изложуваат на ризични ситуациии.

„Дури и оние кои се уште не ја доживеале зрелоста се подготвени, спремни на нешто кое само по себе тие не го знаат, но ги знае оној кој ги употребува, тоа е суштинската димензија на злоупотреба на овие деца, кои се уште не се во таа состојба да бидат свесни за себе и за она што ги опкружува“, вели Ацески.

Од друга страна, пак, може тоа да се протолкува и поинаку, дека возрасните повеќе не се заинтересирани за она што го продаваат како теза организаторите на протестите, па тогаш се земаат деца за по секоја цена да се испрати порака во општеството.
Протест на Албанците против операцијата Монструм.
Протест на Албанците против операцијата Монструм.

„Може да стои една таква теза но тоа е една опасна теза. Јас не можам да претпоставам дека некој може да манипулира да тој степен. Но она што се гледа, она што може да се види е дека и нешто такво може да се протолкува. Тоа е опасен преседан, опасна ситуација, тие имаат право да протестираат, но злоупотребата на децата, на малолетниците е стравична во тој поглед, особено во вакви ситуации. Демократското право по дефиниција го исклучува тој момент - да се злоупотребуваат деца.“
Вината треба да ја бараме во родителите, затоа што тие имаат најголемо влијание врз децата а потоа имаа друштвата со кои децата се дружат, треба да се обезвреднат тие друштва што негативно влијаат врз децата.
Анкетиран граѓанин.

Граѓаните кои ги анкетиравме го осудуваат злоупотребувањето на деца во политички етнички и верски протести.

„Вината треба да ја бараме во родителите, затоа што тие имаат најголемо влијание врз децата, а потоа имаа друштвата со кои децата се дружат, треба да се обезвреднат тие друштва што негативно влијаат врз децата.“

„Па со помош на родителите, професорите да се одржат трибини за тие децата затоа што ако само ги пуштиме тие деца којзнае што ќе прават, а пропустите ги гледам во министертвото за внатрешни работи, тука се најголемите пропусти што се направени затоа што настаните беа ризични.“
Протести против радикален ислам.
Протести против радикален ислам.

Змијанац вели дека во заштитата на децата од таква ситуација, родителите ја носат најголемата одговорност, но улога играат и училиштата кои имаат задача да ги воспитуваат, образуваат и насочуваат децата како креативно и соодветно да ја искористат енергијата.

Тој додава дека големо влијание имаат и политичките партии особено подмладоците, верските заедници во нивно етичко насочување, особено ако децата погрешно ги перцепираат работите под влијание на возрасните.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG